Како да сме се договарале Ист скроз ист доручек имаше малава Само скарани со лебот... па тоа го остави..
Мафини со јагоди и чоколадо. Морав и јас да го пробам рецептот на @mariz иако не се за дете, за мене се Како за прв пат во животот, успешно.
Финта и од мене.. 15тина секунди под млаз топла вода, одма излегуваат Зашто се 6 во калап, а сакам да извадам само едно некогаш, само млаз врз тоа што сакам да го вадам и излегува.. @Ugly Duckling на здравје, многу убаво ти испаднале
Овошје и јогурт. Прв слој: банана, кајсија, праска и јогурт, втор слој: банана, малина и јогурт, трет слој: банана, аронија и јогурт. Па не очекувај ти да се којзнае какви на вкус, ние оти сме навикнати на купечки и затоа не ни се убави (не ми се ни мене), немаат маст во нив и се ко обоен лед да јадеш, ама на децата им се супер освежување на жешково.
Со прво замрзната банана + овошје било какво имаат покремава структура, пробај така... јаа така си ги правам, значи замрзнуваш банана исецкана и после замрзната ја блендираш и станува крем густа структура. Најубав ми е смрзната банана, какао и мед, баш чоколаден испаѓа. Јас и јагоди, праски прво ги замрзнувам и заедно со замрзната банана + некоја капка јогурт ги блендирам. Еве вака може и одма да се јаде, а може да си ставаш во калапи пак.