Шпагети со болоњезе. Ципура и пастрмка печени, варен компир салата со лимон, брокула малку обарена па малку потпржена со маслиново. "Џиџи бебе" од Бебе Готвач.
Ставам вода само до над оризот 1-1,5cm над и јас скоро се научив цаката е помалку вода,да се гледа низ водата оризот од око правам Пробај следен пат,нема утка П.с и го пржам со кромидчето на тивко околу 5мин со привремено мешање
Мафини со бело брашно и палента со сирење + таратур со јогурт и малку босилек. Колач со вишни Летна манџа само со домати и пиперки + сиренце и лебче @SofiMar_ миј го поубаво оризот за да се измие скробот што е налепен на него. Многу убаво ми излегува мене во тенџере (постапка како за рижото), секое зрнце се двои..
Мн е лесен и никогаш не сум го утнала. На 3 чаши вода, една ориз оди. Водата ја ставаш на страна да зоврие, а во тенџерето каде што ке правиш ориз подпржуваш кромид, морков, тиквичка, што ти душа сака и го подпржуваш оризот, ја додаваш зовриената вода, ставаш сол, зачин промешуваш малку колку да се нареди оризот насекаде и оставаш да се вари отскриено 12 минути на средна темп (кај мене е од 1-9 и варам на 5) без воопшто да мешаш (не се лепи не се секирај и не мешај ич!). Кога ке поминат 12мин, тргаш на стана (има уште малку вода така треба) го покриваш со капак и го забораваш 30мин Полесно амин а поубаво нема, секое зрно се двои.. Може кога ја додаваш водата да додадеш и брокула, сварено или печено пилешко сецкано, мн е убаво. И обавезно убаво измиј го оризот пред да го правиш за да се тргне скробот што е налепен.
Не не, само варење непокриено 12мин, па се покрива и се трга на страна, не се отскрива едно 20мин за да си упие цела преостаната вода.
Нашата ужинка (јес да е голем ама овошен јогурт не бива не блендирано ) чиа семе со.јогурт плус малини, слива, банана и мед.
Рижотото и јас го правам како Мариз. Најбрзо, највкусно и најубаво ми е така. Додавам обавезно печурки на крај кога ќе ја упие водата, сецкани на лентички и пропржени, да се измеша убаво, а некогаш и варен мешан зеленчук. Значи не го пржам заедно пошто на сите различно време им треба, или посебно или како прилог. Е месо се случува да ставам заедно, ама претежно посебно.
Бамии модар пиперки компир тиквици патлиџан свинско турлирава @eli25 како ги спремаш лососот и зеленчукот?