Појадокот утрово. Микро палачинчиња од 1 белка, 1 лажица овесно брашно, 1 лажица пченкарно и малку стопен путер. Послужени со крем сирење и пире од јаболка и банана.
Мајки дајте нешто идеа за јадење на 11 месечно бебе, некако се исто вртиме. И сол кога почнувате да давате и по колку ставате? И дали користите обична сол или хималајска.Исто и за вегета да знам. Фала ви
Компир,пиперка,морков,пашканат кромид и маслиново 7+ Неможеше да дочека,цело го испапка. Фалат бебешки слики и рецепти чисто за идеа. Вртев страници наназад од постарите генерации еден куп комбинации запишав во тевтер.
Браво за баткото. Само нека си лапка. Мн ми е мерак кога гледам вака да си лапкаат деца. Матичната вчера ми рече дека кога ќе порасне мојава ќе и кажела дека само ја кудам дека не јади, а пола кило качувала месечно. Не ме верува жената, ама озбилно ич не јаде и појма немам како качува на килажа кога ем не јаде, ем не спие, ем една минута мирна не седи.
Мојов па обратно јаде а не качува на килажа,за месец ипол околу 150 грама. Јас сум загрижена а матичната вика нормално е. Сега се во таква фаза се да истражуваат не и се секирај. Тек кога ќе почнат да одам тогаш кога ќе трчаме по нив ќе се жалиме