Обично тесто со обично млеко, кисело млеко и маргарин... Се од око. Кора како за пица и врз неа изрендено сиренце и тиквички на тенки кругови. Кога ке се испече одприлика до пола, полеваме со јајце на секаде.
1 белка, малку јогурт, стопен путер и мешано брашно, се' е од ѓутуре, да биде густо како за палачинки. Со мала лажичка на нелеплива тава ги печам. Денес лаврак со зеленчук за ручек
Најтешки ми се рецептите,, од око,,. И свеки е така, па никако неможам да научам да месам. Како да го направи ова тазе домаќинка галапче?
Да, ама за мене и мм го измешавме со мед за малата чист,си направивме убава семејна вечера, внукми 9год си сркаше од тегла ептен му се бендиса
Ова е малце јако за вечера. Не за друго ќе им се ококотат очињата наа толкави, енергија даваат јатките.
Ако ти кажам дека исто и јас на ппчетокот, дури го купив лебопекачот. И џабе фрлени пари де разбира ама тогаш не мислев така. Ке направиш десетина дваесет пати по рецепт и после сама ке експериментираш Еве денес за доручек
Отвори на гугл било какво тесто ете со обично млеко дс речеме. За кифли за било што. Замеси да фтаса, и да знаеш дека можеш да замесеш и одкако еднаш ке нарасне размеси и може до сабајле да стои фо фрижидер. Сабајлето вадам и во тавче за печење развлекувсм со дланка и прсти. Низ цело тавче да има тесто. После одозгора мачкам малку кечап, наросувсм кашксвалче, во слулајов и пушено месо по малку на секаде и на печење дур не се зацрви одоздола.
@LoveHope се извинувам што ќе се смешам. И јас на почеток бев како тебе, се да ми се кажи, колку минути да печам, колку време да пржам хаха се. Друг ми беше муабетот. Јас најчесто го користам овој рецепт за тесто https://moirecepti.mk/post/ролнички-со-сирење Ќе гледаш тестото да не ти е јако, тогаш работите поубави ми излегуваат, помеки и повеќе путер, маргарин ставам. Не сум експерт, ова од скромното мое искуство. @galapce ме стрвиш ☺ мн убаво изгледа.