Бебе 10 + Телешко месо, со компир, тиквичка, морков и маслиново масло + домат. Скоро се се фрли. Потоа направив и други комбинации, ама не сликав. На крај јаде пола кашичка шпагети болоњезе.
Овошна каша: 1 праска Пола банана Две лажички житарици Јогурт Изедено цело со сласт. Ок може 10гр да беа на раце, меше и лице
Мини проја мафини, ги правев во калапи за визитарски колачи по овој рецепт. https://sezahrana.mk/брза-проја-со-јогурт-и-сирење/ Само што јас додадов и спанаќ. Сол ставив на врв на лажичка и исто толку пециво и користев не солена урда.
Ручек: Тиквица Морков Компир Пиперка Лук Водичка од варено телешко месо. Пасирано да пробам по незнам кој пат. Wish me luck!
Сликај сликај никако да ставам тука. Нешто е од уназад 2 нед. Ова нешто како пржени кришки, ама пржени залчиња со путер на нелеплива тава. Мафини со какао и свежа боровница. Боранија и салатка Проја со цело зрно сончоглед, сирење и печеница.
2 јајца 7л шеќер 1 ванила шеќер 150мл јогурт 80мл масло 18л брашно (така полни) 1 пециво Матиш јајцата и шеќерот убаво да се стопи и после додаваш се друго, брашното и пецивото на крај ги ставам. Малините посебно кога беше смесата во калапи ги редев. И печев на 200 степени. Предходниот пат со црно исецкано чоколадо беа, преубави и така се. Абе нареден ден дури уште посочни се. Еве го го имам ставено еднаш, само сега тука додадов лажица какао. А без шеќер немам рецепт.. Да пробаш овој рецепт со маџун Колкаво е малото? Тука и цело јајце има.
Искрено ич не се сеќавам дали правев нешто од ова.. Малиот едно време не смееше ни јајце, ни млечни и барав рецепти, запишував, правев... Еве нешто што сум запишала без јајца, без млеко.
Ќе ги пробам баш вторите утре, само ќе додадам и боровинки и вишни. Нема алергии до сега, има пробано јајце во кифла. Пресно млеко не давам, но ставам кисело и ок ми се и така работите. Фала мн за рецептите.
Пројава од @mariz стално ја правам за нас, за големите, преуба е, ќе ги пробам и др рецепти за мафините и јас. Синко се јади се му имам воведено можиме да експериментираме Доручек: сутлијаш со вода и малку млеко(битолско) и 1/4 банана без шеќер, можи 10-15 лажички изеде, не беше нешто воодушевен Ручек: варено јајце, патлижан овие домашни, малку лебче и парче моцарела, прв пат моцарела јадеше, се изеде и плус од ова јадеше уште пола патлижан еден од омилените ручеци
Печенин крокети од палента, варен компир и варена жолчка. Беба не беше воодушевена, едно изеде, едно згмечи, другото изедов јас. Вкусни беа... Плус к. Млеко стандарт процедура.