Тиквиците ги вдлабнувам насредина,тоа што останува го сецкам на мали парчиња. Пропржувам кромид, ги додавам сецканите тиквици. Потоа го ставам месото и мешам постепено, па додавам ориз. Од зачини ставам х.сол, куркума и бибер сосем малку. Додавам малку вода и пржам. Потоа ги полнам тиквиците и печам околу 1 час. 15тина мин пред крај, потурам јајце и рендм кашкавал. Моето е 3 год. Поради зачините може после годинка а без нив и порано.
Денешниот ручек: телешко месо, морков, тиквичка, келераба, кромид и малку маслиново масло. Пола изедено, пола во канта.
Ништо комплицирано, ги прочитав на некоја фб група, па да пробам. Рецепт: 1 банана, 200 гр пченкарно брашно и 100 гр путер. Бананата се пасира, се додава брашното и путерот( собна температура) и се меша.Се прават мали топчиња и се притискаат со вилушка. Се печат 15 минути на 200 C.
250гр брашно 100 гр шеќер во прав 200 гр квалитетен путер Прстофат сол 2 жолчки Екстракт од ванила Се мешаат низ прсти брашното,шеќерот,путерот и солта.Потоа се додаваат жолчките и ванилата и се меси тесто. Се остава во ладилник замотено во прозирна фолија еден час. Се расукува кора дебела 1цм и со калапи се вадат форми.Се печат на 170С додека не стврднат,само внимавај треба да останат бели.
Не беше успешно денес. Не сакаше да го проба зеченчукот или супата. Ама затоа го собрав месото од цело тенџере и си го изеде. Девојки фала за рецептите за бисквитите и колачињата. Мора да се пробаат.