Изеде пола омлет и пола пирошка за доручек, потоа маф на јуфката. За ручек спанаќ и ориз со јајца и павлака,плус кисело млеко
Варам палента на погусто и истурам на рамна подлога на која ставам стреч фолија. Вадам формички и печам. Најобично ја направив палентата, вода што врие, малку масло, сол и додадов сув зачин.
Баш им е гајле дали е 6+ или не. Како ами нас ни давале па еве ништо не ни е. На свекрвата не и е прво дете па да не знае. Комшиката уште на 3 почна со сокови, па ене го прав здрав. Е што може да му е од две лажички на ден компир? Ништо. Истиве после 15 години...абе детево нешто има проблем со исхрана, со желудник, многу мал гастритис, со цревата има проблем, итн. И тогаш Ана еден токмак и меѓу очи.
Колку точно, кога им го кажувам ова на тие што ме замараат за исхраната ме гледаат како падната од марс. Ми се смеат што сум давала просо, киноа, а не давам да лизне чоколадо кога не гледа ние како јадеме
Ама зарем не знаат колку џанк фуд ќе изеде во животот подоцна? Абе тони чоколади ќе јаде и помфрити и кечапи и мајонези. Се ќе јаде цел живот. Сигурно на брокули нема да остане. Ама додека е бебе бе барем ете да се следат некои препораки. Некаде прочитав и дека на 3+ давале храна на бебе. Не треба толку да чекаат, од болница право на маса.
Кога завршивме во болница одма не прашаа дали сум и дала чоколадо. Дека најчесто од него иделе со страшни алергии на јатки и сл.што ги има во него. Ништо не треба да се избрзува, затоа има препораки, а не да отвориме душа, греота било за детето. На никој да не му се случе, ама нема никаква полза од чоколадото. Баш како што вика Фри, цел живот ќе јадат џанк фуд
Ниту има полза, ниту знае тоа бебе што значи чоколадо додека не проба. Има време и за тоа, ама барем додека гради имунитет и додека можам да влијаам на јадењето што го внесува ќе пазам.