Ќе го сликнам вечер, на работа сум, во меѓувреме ако може @mariz нека го прати, кај неа беше со спанаќ, ама јас имав блитва
Ништо посебно, обична смеса за палачинки ја блендраш во блендер (свеж или обарен спанаќ, како сакаш) и си правиш палачинки.
Доручекот е спремен се чека дечкото да стане Вртеше по тие групите за здрава храна просо варено па печено со фил од 2 јајца,јогурт,сирење,малку пециво,сол. Мн вкусно мириса цела куќа
Го пишав.Просо 5,6 лаж.големи, прво го варам,матам 2 јајца со јогурт,малку сол, малку пециво и сирење. Мешам со просото и печам некои 20 мин на 180 степени
Малку припросто прашање, ама да не се пезам во дуќан , поарно овде да научам. Може слика да видам од ќесичка просо како изгледа ?!. И на кои рафтови да барам у дуќан? Као погледнав на нет, али не најдов. И тие 5-6 лаж просо во колку вода и колку време од прилика го вариш
Просо ти е храната за папагали може така најлесно да ја најдеш на изглед по рафтови. На Виталија вака изгледа: https://www.vitalia.com.mk/mk/product/millet-grain/