Да нажалост бебе не ми ги бендиса ама општо не е по благо, па јас си ги изедив Можиш со банана, бисквити, какао, и снегулки. Би ги изоставила брусницата и лененото семе за покасно,али се зависи како се држиш кон воведувањето на исхраната,јас бев претпазлива.Малата е 1година. Да не пишам два поста
Риба со компир, морков и прокељ Просо со јајце, козјо к.млеко, козјо сирење и маслинки, малку путер Овесна каша со банана, киви, малини, чиа семе и аронија. Мешано жито со суво овошје, киснето во козјо млеко, аронија, јагоди, малини, киви и чиа семе. Телешко со спанаќ, лук и кромид
Искрено, си ги каснуваме ние, гледам да не стојат. Ептен ако има некое, утредента може за појадок да го искомбинирам.
Имаше низ темава еден рецепт за печена палента, се обликуваше нешто како стапчиња. Побарав неколку страни назад ама не најдов. Ако може некој да го сподели пак Најдов на нет за печена палента. Ама поубаво ми е тука од вас коа ќе си имам испробано проверено @mariz ти мора да знаеш. Треба титула да ти се додели во темава
Еве некогаш што сум објаснила. Од око ставам јас. Ја вариш погуста, рендаш кашкавал или сиренце, ставаш путер и мешаш. Чекаш да се олади малку за да можеш да ја обликуваш. Можеш и како стапчиња, можеш и со модли од колачи. Ставаш на хартија и печеш. Инаку кога бараш нешто, пиши горе во тоа за пребарување, еве пример: печена палента и бираш пребарај само во оваа тема.
Дај рецепт за лебов од тиква, глеј до сабајле пиши, за да го сплескам за доручек И ако има финта како да го научам малиов да не пребира вакви ствари одма кажувај Браво за батковците
Моиве се во принцип јадачи. Нешто повеќе, нешто помалку, ама ќе се најдат битно. Башка дека двајца се, па се гледаат еден од друг. Рецептот го најдов на ФБ. Ќе ти го пратам. Со таа разлика што од зачини и семки кои ги има во рецептот не ставив ништо освен сол и малку куркума (следен пат и без куркума би) Не сакаат кога низ лебот има нешто моиве, затоа не ставив. Околу 400 грама брашно и се печеше 55 минути кај мене. Вкусот му е ок, тиквест јас не сум најголем обожавател на тиква, али имаме во изобилие, па ја правам на сто и еден начин. Битно деца јадеа . Рецепт у оригинал. Лепче со тиква (многу вкусно) Состојки: 300 гр брашно (ако е поводеста тиквата може да ставите малку повеќе) 1 пециво 1 лажиче сол 1/2 лажиче куркума 1/2 лажиче буковска пипер (јас ставам нелута) 1/2 лажиче црвена пипер (блага) 1/2 лажиче ким во прав 350 гр тиква (сварена и испасирана) 125 мл јогурт 60 гр путер - растопен 2 јајца - разматени со вилушка За поросување: 50 гр семки 1 лажица оригано 1 лажица буковска пипер ( јас ставам нелута) 20 гр пармезан Подготовка: Во поголем сад се ставаат брашното, пецивото,солта и зачините и се промешуваат убаво. Се прави дупка на средина и се става тиквата, јогуртот, путерот и јајцата .. Се промешува убаво смесата да се соедини. Калапот во кој ќе се печи лепчето се премачкува со масло и се обложува со хартија за печење. Се истура смесата и одозгора се поросува со буковската пипер, семките и ориганото. Се печи во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 50 минути.. Откако ќе се испечи се остава 10 тина минути во калапот и потоа се вади ...