@eli25 дај рецептата за тие куче маче. Мајка ми ги правеше, а во нејзиниот тефтер со рецепти(500листа) тешко се снаоѓам. Со јогурт се, така???
Отприлика е ама еве вака: 600гр брашно 1 сув квасец 2 мали лаж. сол 1 мала шеќер 200гр кисело млеко или јогурт (јас кисело ставив) 100 мл млака вода 5 гол каж маслинов зејтин Се меси средно тврдо, да стаса и дели на два дела, тие се расукуваат па се сечат правоаголници со нож, во средината се прави по една рецка од ножот. Се пржат во врел зејтин. Јас ги јадев со шеќер во прав и слатко од јагоди а малото и маж ми со сирење и јогурт.
Брзи мафинки. Морозно брашно Јајца Козјо к.млеко Козји кашкавал Кисели краставички Семки Ленено Сусам Малку сода Малку сол
10-20 листови спанаќ се бланшираат во жешка вода, па се процедуваат. Се налева свежа вода и две месечинки лук и се вари 15 мин на среден оган. Се лади и блендира и се додава малку маслиново.
Тиквено лебче / лебче со тиква намачкано со путер (за мама со мармалад) Тука беше уште топло, па после го намачкавме