И јас би ги јадела оброците на бебе твое Од стапчињава лиги ми потекоа па ако не ти е тешко да шкртниш рецепт
Зашто ова печеново просо ми излегува некако, незнам ни како точно да се изразам, како мокро се распаѓа, пример малиот не може сам да го држи како погачите со брашно. Парче да земеш да држиш во рака небива. За вкусно, вкусно е многу. Кај грешам? Стварно едноставен рецеп ама ете пробав двапати и исто. Вториот пат не ставив јогурт си велам ај може премногу е течен па од него е така. Ама не
Да, да. Јас го процедувам просото убаво за да нема вишок вода, а некогаш ставам и лажица палента во смесата пред печење.
П: веќе изеден Р: пилешко,ориз, морков,грашок, кромид и лукче За да го излупите грашокот потопете го во врела вода и почекајте па гответе им на душичките
Појадок.. Може некои за ручек се спремат ама ние нанаме до касно П:Просо и к.млеко Р:просо и спанаќ и к.млеко Вчера не пишав бевме на гости П:палента и к.млеко Р:компир и морковче пире
Еве го и ручекот И оставив дел од просто неблендирано мора да се учеме полека да не е се совршено блендирано