по колку ставаш маслиново масло? Јас уште не сум вовела ама планирам. За зеленчуковите маслиново а за овошните кокосово.
Почнавте со месо? Кај наоѓаш телешко за бебе? Јас пиле најдов домашно ми го донесоа заклано и исчистено. Го поделив на мали парчиња и го замрзнав. Ама телешко не знам од кај да набавам.
и јас тоа сакав да прашам. Се си мислев дали да почекам до 7ми месец. Сакам да се распрашам домашно телешко и пилешко да најдам.
Почнавме да по препорака од педијатар. Прво од купечки каши со телешко а сега почнав и да му правам. По 30 грама во оброк. Го зимам од Веро Тафталиџе. Кажувам телешко за бебе и ми даваат.
Ви љубоморам кога гледам дека децата ви јадат нормална (читај неблендирана) храна. Едвај чекам Си седнуваш во ресторан и можеш да нарачаш и за него нешто. Колку убаво