Извини сега видов дека прашуваш. Имав многу нотификации. Па 2 часа ја држи. Обично станува околу 7 часот цица. Кај 9 пак цица. Ако е овошје оброкот и го давам околу 10:30 тогаш се измолзувам. После ручекот до нареден ден цица на 2-3 часа. Ноќе може еднаш да стани но и не мора. Ако е зеленчук кај 12:00-13:00 руча па тогаш се молзам. Измолзеното и го давам после 17:00 часот за да ми се наполнат градите убаво за пред спиење да се нацица и така ја држи и спие 6-7 часа ноќе.
10+ Ручекот од вчера Брокула, морков, лук, пилешко, кокосово масло и малку од пченката на хип за густина оти го јаде погусто. Го изеде цело. Некогаш ме изненадува колку се разјаде, до 8 месеца едвај по 50г јадеше. И да не заборавам -пасирано. Од почеток пасирам, не блендирам.
@Presrekna ти ми кажа чинам дека земаш суви сливи од лидл. Земав јас од био, исчистени и без шеќер, е сега кажи ми како ги спремаш? Колку сливи вариш, колку е доволно од прилика? И колку долго можат да стојат во фрижидер? Варена слива можам да ставам во блендер заедно со друго овошје?
Јас не ги варев. Дирекно ги ставав во блендер. Колку се чуваат ич не се сеќавам. Јас купував од тука едни во кафеаво ќесе без шеќер. Не беа био. Ќе проверам ако ги најдам на нет. 1-2 е доволно. Богати се со железо, плус се добри за столицата.
Ги варам кратко околу 10-15 мин. Па така топли ги блендирам со варено јаболко најчесто. Пробав како што рече @duffi без варење но лушпата не се сецкаше доволно па ми се давеше бебе. Пробај
Изненадувачки многу. Додуша никогаш не јаде само едно нешто, мора да е мешано за да јаде, ама ја бендиса комбинацијава. Имав 200 гр спремено, остави само 30. Да продолжев да нудам може и нив ќе ги изедеше.. ама никогаш не изела толку, па ми беше страв да и падне тешко на стомаче. А може треба да и дадам да јаде колку сака? Дали тоа што останува можам да го зачувам и понудам подоцна? Или да фрлам? До сега фрлав се. Едит. Сега наеднаш се зацрвени на обравчињата. Не е многу, ама приметливо. А баш се израдував дека ќе јаде слива, сега не треба да и давам. Исто се случи кога воведов пиперка. Баш се разочарав.
@Yowannty сликај и консултација со педијатар. До сега сме немале со бебе реакција. Ама во случај така ми има речено Др. И мојава слива сака. Сега очекувај експлозија во пелена. Прочистување проверено барем кај нас. И давај додека сака. Посебно бебе што не јаде многу.
Беше многу бледо и помина за 5 мин. Не стигнав да сликам. Иначе мојава нема проблем со какање. Откако почнавме со дохрана само еднаш и се случи да не се искака 3 дена, еднаш 2 дена, иначе си кака редовно секој ден, често 2 пати на ден.
П: бисквити и млеко +банана и вишни Р: телешко, батат, брокула, тиквичка,пиперка, пашканат, лукче, кромид и м.масло +просо и малку фиде А за вечер имаме Јаболко, крушка и тиква печени
И ние го јадовме оброкот. 6+++ Просо И банана. Прв пат пасирано со вилушка, не блендирано Нељубителов на банана остави 1/3 од оброкот. Дали за 1-2 часа може да и го дадам? Во порцеланско тањирче со вакуум капак е.