Рецептот некаде го имам читано, но јас многу го изменив. Значи матам 3 јајца Додавам малку путер (2 -3 лажици), 9 лажици јогурт, околу 250-300 грама пласирана тиква ( варена или печена), шеќер два лажици ( зависи колку благо сакаш), околу 300 грама брашно, може повеќе, едно пециво, цимет, каранфилче во прав и ѓумбир во прав (зачиниве и не мора) Треба да испадне густо лепливо тесто. Со лажица ставаш на плех. Печеш во рерна околу 15 минути.
8+ Вчера П:јачменови снегулки, јаболка, круша, праска, ц.цимет Р:пилешко, тиквичка, морков, бел батат, кромид, просо, блитва и м.масло +цеден јогурт В:Ванилино Слики нема бидејќи се договориме со мм да ја минеме неделата без телефони.. Денес Појадок Јачменови снегулки(втор пат) јаболко, круша, банана и авокадо
Ручек Црвена леќа, морков, пашканат, бел батат, брокула, тиквичка и кромидче, лукче +м.масло @srekice и ние стасавме до леќата ајде повелете Со жолчка, цвекло.. сирење се комбинира ли леќата? По 10мин чинијата празна.... Е сега останува да видиме како ќе биде за некој час За вечера Палента и сирење(сама го правев утрово, млеко тетрапак(купечко) и кога се замлачи неколку капки лимонов сок капнав се подели и го собрав во газа како топче се исцеди и в фрижидер стои) можеби и к.млеко малку ке ставам колку да се разреди
јас цвекло би го дала некаде на 8ипол месеци. Треба повеќе варење. Тешко било за мешето. Ама ако нема мака бебка тогаш немаш гајле. Ама Итака јадете спанаќ разредувај да не е често со цвекло. За гризот ете не сум знаела дека се вари и со вода. Во бебе готвач пишува дека пченичниот гриз од 8ми мислам се воведуваше. А многу тука и од 7ми го даваат. А сакав сварен па одкако ќе се излади измешан со мајчино млеко да го дадам
https://sezahrana.mk/печени-путер-крофни/ повели мама. Да, изгледа заби растат. Само чеша во усте, а вака не гледам набабрено.
Ориз,грашак,пченка,боранија и маслоново масло. Прв обид за не блендирана храна кој помина солидно некој ден пред првиот роденден. Само гашакот е измислен за плукање во далечина тој не пројде
6+ Д: банана, слива, круша Р: Морков+компир+ 1 л маслиново масло+ исцеден лимон В: каша од спелта направена со АД млеко