За да го изеде ради цвеклото е помалку, инаку има уште во тенџерето сварено за репете, секогаш викам малку ќе варам ама од се по малку и пак фрлам, а на почеток мерев со тегличка сега колку и се јаде толку давам
9+ Киноа палачинки (киноа,вода,м.масло, пециво) И рецептот еве го Чаша киноа се кисне цела ноќ во вода. Наредната ден се истура таа вода и се додава чаша вода(се со една чаша се мери) и се додава супена лажица м.масло и лажиче мало пециво и у блендер, јас со рачен блендирав и се пржат
9+ Телешко, боранија, бел батат, морков,пиперка, домат,кромид +м.масло Само боранијата блендирана другото пасирано сецкано, приметив кога го сецкав месото цело го јаде а блендирано не го сакаше многу
8+ Д:банана, круша и праска со 1-2 бисквити хип Р: пилешко месо, просо и морков и тиквица В: гриз со банана.
Кога ќе го видам логото на кутичето на Киселото млеко ме потсеќа на детството.... На фрижидерите за сладолед Наздравје нека ви е
8+ Д: гриз со Круша Р:блитва, компир и млад кромид В: варена палента со изварок( нема слика) @koritsaki од кога се воведува портокал? Кај нас заедно со доматот покасно од 9 месеци како доста алергени. На бебето пред неколку дена и дадов само на цуцлата портокал беше воодушевена. Ама ми е страв да давам.
Истото прашање за @koritsaki од кога се дава портокал, кај нас подоцна, цитрусите ги сметаат за големи алергени.
@Presrekna @Septemvri Знам , малку чудно ,на големата ќерка и давав вакви овошја покасно околу 10тиот месец.. Сега за второво па ептен некако рано , на 7 месеци. Пробв и дадов малку , немаше некоја реакција. Ми рече и киви да и давам. За домат не ми спомна ништо , ама голем алерген е , првата ќерка се исфрлаше околу устата а беше 12-13 месеци кога и воведов
8+ Д: овесни, јачменови И 'ржани снегулки покиснати со АД И слива И кајсија Р: готова холле каша од пилешко со тиква В: чоколино без шеќер со АД млеко.