Ќе видиме колку ќе изедеме. Тарана без јајца домат морков урда путер. Зеленчукот сварен пропржен со путер измешан со урда и сето тоа изблендирано заедно со тараната
Вчерашната вечера: жолчка, тиквица, морков, моцарела, урда, презла, путер и магдонос. Денешната вечера: Рендано јаболко, банана, кокос, маџун, овесни, 'ржани и јачменови снегулки и кокосово масло за премачкување на модлата.
Пак јас на темата. Крем супа со зеленчук и кнедли од мисиркино месо и гриз. Се најаде бебе домаќински после некое време на нејадење.
Обично кнедли правам со жолчка, гриз и вода но да не се многу суви бидејќи се стегаат кога ќе се сварат. Потечни треба да се со лажица ги ставам во водата. Овие се од мисиркино месо блендирано со гриз и вода. За супата прво сецкам праз, морков, пашканат, целер, компир, може и ориз,(или друг зеленчук по вкус) па ставам путер ги динстам на пареа и кога се готови да дојдат до путерот, да испари водата. Му ставам бујон од месото, може и обична вода. Во меѓувреме ги спремам кнедлите, па со лажица ги ставам во супата додека врие. Да се свари гризот едно 10-15 мин па ги пасирам со вилушка.
Лавот за бебе. Мафините за вечера преминаа во палачинка. Има и за нас со мед. Овесни снегулки, 'ржано и интегрално брашно, 1жолчка, путер, јогурт, малку сода и пециво.
Нешто од вчера и денес 12м Мелени 4 вида житарки, јогурт, јајце(жолчка и малку белка), 4мелени семиња(тиква, лен, сусам и сончоглед) м.масло и малку брашно Јајце цело, тиквици, морков, кромид, компир, магдонос, м.масло и малку солца и печени на хартија
Мoже инфo каква риба спремаш (кoи видoви мoже за бебињава)? Jа купуваш свежа или замрзната? И какo jа спремаш?