Прв пат и дадов ослич а потоа и пастрмка и давав.. Ослич купував од оние на метро по 800гр а пастрмката од рибник за нивна употреба... Да ми е Вруток поблизу од таму ќе си купував нај органски одгледана е а месото како на лосос и е портокалово за вкус да не зборуваме... До сега и ја давав варена и едната и другата, прво варев *ориз, морков, брокула, Лукче, м.масло а рибата во друга вода и таа не се користи за разредување Исто наместо ориз со компир Сега и печев во хартија во фолија со печени зеленчуци... Осличот додека е замрзнато парчето си сечам колку мислам и го мијам со вода и одма ја лупам и си сечам парчиња со прсти пофаќај ја да не има коски, а пастрмката пошто свежа е само делот кај опашката си го филетирам сама(на почеток ми беше тешко ама сега мајстор станав упропасти неколку риби) и така си замрзнував во кесенца за еднаш(барем знаеш кога е замрзната) Ние рибата ја обожаваме сега секое дете различно Се надевам ти помогнав
Колкаво е бебчето? Мојата до 1.5 год.јадеше блендирано. Ќе си каже кога е спремно,никој не останал блендирано да јаде,не грижисе.
Да, вака јаде само фил, без пиперката. Стави и нешто што сака да јаде пред неа исецкано на парчиња да ги зима сама. Пример праска, банана, леб, нешто што сака да јаде. Ќе пројаде не се секирај ич. Мојов е ептен јадач па како и да му дадеш, јаде.
Мојов јадач почна да одбива блендирана храна и бебешка храна скроз и сака да јаде исто што и ние.. Мисли дека е голем дечкото. Па некако комбинираме. За нас, салата од макарони со патлиџан, маслинки, сирење овчо и магоднос, за него макарони со чери патлиџан, моцарела и маслиново. Еве како изгледа нашето и неговото може ќе му дадеме идеа на некого.
Здраво По втор пат во темава Среќа и ова бебе е сега за сега јадач Ручек за бебе 8+ : Просо со боранија,брокула,карфиол,морков,кромид,тиквичка и црвена пиперка .