Да Спојлер: рецепт Гриз 3 лажици, 1 јаболко, 10 лажици вода, 1 лажица јогурт/кисело млеко (или може банана, јајце), лажица маслиново, малку цимет. Во блендер ги соединив, излезе каша за палачинки и со лажица на хартија за печење во рерна на 180 ° додека не поруменат. Мене 12 ми излегоа.
Пред некој ден пак печени палачинчиња, овојпат овесни со џем од блендирано јаболко и капини. Спојлер: палачинки - 120 gr банана (1 мала) - 50 gr овесни снегулки претходно во блендер ми беа иситнети како брашно - малку вода Ги соединив во блендер. Да отстои малку смесата и на хартија со лажица ставав. Печев на 180-190. Меки премеки и вкусни. Излегоа 6, малиот смачка 4 (добро, фрли по малку и на земја) и ни остави по една со маж да пробаме.
Секако Мелено пилешко(можеш и мисиркино)околу 300 гр,едно јајце,малку маслиново,оригано,пола рендано јаболко,малку магдонос и овесни снегулки за да се спои смесата.Ги печев на хартија во плех,околу 20 мин на 180. Многу вкусни излегоа.
Уф,бааѓи беа Оли.Околу 15 сигурно. Јас ручав и вечерав од нив.Бев скептична поради овесните,да не се бљуткави,но ептен сочни беа.
Еве ме и мене тука глупава ја открив Америка незнаев како се постира слика маслинки не јадеше само за очи се ставени, а нема нос  појма немам да декорирам ова беше мајтап
Денес за прв пат телешко мевце. Компир Морков Малку кромидче Капка маслиново масло И телешко мевце(жити мевцето на цели морков и компир(нормално помали) 5 коцкички минијатурни месо . Пусти страв од алергија....ајутре повеќе
Варев просо во вода 2:1 додека имаше вода, мерам со едно малечко филџанче. Претходно го киснев. Во блендер смиксав пола јаболко, малку банана (од прилика 1/4), неварена тиква околу 40 gr и потоа смесата ја измешав со просото. Следниот пат би го изблендирала и просото заедно за помазна смеса. Обликував топчиња и сплескани топчиња (мислам дека излегоа 10), ги печев на хартија на 180 °.
Каснам со одговор извини.. Една чаша овесни ги изблендирав, измешав со едно јајце,една полна лажица спелтино брашно(може и бело),2 супени Л. Јогурт,малку млеко,да се хомогенизира смесата и 1/4 лажиче сода.Ги печев на тава со путер,откако ке фатеа коричка ставав боровинки,па ги превртував. Ептен се вкусни.