Роловани тиквина Смеса за внатре варен компир, сецкана моцарела, сецкана пиперка, сецкано пилешко и сецкана тиквица. Смеса од горе една жолчка и малку јогурт или к.млеко али ептем малку и се става да се пече
Просото го сварив заедно со две-три урми и две суви кајсии,10тина мин од прилика,сооднос 2:1,претходно киснето 3 часа. Откако подолади,ги тргнав семките на урмите,па префрлив се во блендер,додадов пола голема банана(ако е помала стави цела)и малку какао/или рогач можеш. Многу вкусно излезе. Јас го дадов за доручек,доста нутритивно богат оброк е. И благо е да имаш предвид ако даваш приквечер
Исто.И дадов мрвче торта за роденденот и ја плукна.Следна година зеленчукова торта ке и направам Иначе портокал и црно чоколадо ми е омилена комбинација,следен пат така ке направам,со какао и малку портокал
Ако не е благо ќе е проблем за мојава Супер рецепт, ќе го пробам секако. Што друго давате за ужина? Се извинувам што не сум во соодветна тема со прашањево
@dunika пудингот испробан денес за доручек стварно предобар изеден со слас све што остана мама си стави јагоди и си доручкував и јас
Состав: Брашно какво што сакате 1жолчка Кокосово млеко Прашок за пециво Малку масло И малку вода Се од око ставав И смрзнати боровинки Други со рендано јаболко
Секако Ставив 90гр брашно од спелта (може и пченично), 140мл јогурт (може и млеко или растително млеко), околу 50гр пире од јаболко, 70мл газирана вода, прстофат прашок за печење. Се соединуваат брашното и јогуртот/млекото, се оставаат да одморат 15-20мин. Потоа се додаваат останатите состојки. (Да излезе по густина како смеса за палачинки, ако има потреба од нешто може да се додаде) Ги "пржев" на нелепливо тавче без масло. Јадеше со кисело млеко и малку од јаболкото.
Плескавици од компири и спанаќ. 300 гр сварен па згмечен компир,се меша со претходно издинстан спанаќ(150гр) со младо кромидче,1 јајце,4 лажици овесни снегулки и малку сол(над година).Се печат на малку маслиново на нелеплива тава по 2-3 мин од страна,на средна темп.
Браво бе дуника.Махер си за готвење и декорирање, обжавам да ти ги гледам изработките. И најважно да не ви треба пораснато дете, ќе си одам и на работа ако треба само да ми готвеш .
Ајде иди Ти благодарам на комплиментот Многу сакам да готвам,само сега ми е проблем што малава е во фаза на пред проодување и нон стоп се беси по мене или отвара низ кујна,па ја кревам и се фрла врз тенџериња и тави.Лудница
Со месеци барам спелтин гриз во ДМ, дали може да го сликнеш зошто очигледно не се снаоѓам со германскиот и нашиов превод
И јас некогаш не го наоѓам, затоа кога ќе начекам, си земам по 2-3. Динкел е спелта, да знаеш ако бараш макарони, брашно, снегулки и сл. Еве го: