Проички за ужина со кисело млеко. Однадвор изгледаат како доста печени, но внатре се меки и баш ми се допаднаа. Спојлер: внатре
Мама се најаде,маливе рекоа бљак Многу ми е криво,ништо вакво не јадат,ни мафини,ни проички,ни зеленчукови ќофтиња.Се се надевав малава ќе јади,покажуваше интерес на почетокот,ама не.
Оф бе На беба само вака и подметнав просо.Снегулки јаде со јогурт и овошје сецкано,а варено зрно нема шанси во солена комбинација.Пудингов пројде одлично. Ништо,давај им чисти намирници,обарени или печени,ем помалце работа ке имаш околу припрема.Важно е да јадат,формата е небитна
Тиквица, црн домат, домат и доматно пире све печено во тава со зачини и лукче И ќофтина од мисиркино мелено месо исто и нив ги зачинив плус лебни трошки за да ми сврзе
1. Овес+ јаболко+ круша за доручек 2. Ориз+ брокула+кромид+ тиквица+ ММ за ручек 3. Вишни+ кајсија+ амарант+ банана за доручек 4. Ориз+ брокула+ кромид+ морков+ ММ за ручек
Мисиркино ама многу често му правам и од тиквичка. Месо секогаш му правам како плескавици зашто само така го јаде.
Спелтин гриз 3 лажички, лажичка жолчка и малку вода. Но тогаш немав дадено белка, а следниот пат нема вода да ставам, ќе ставам цело јајце. Околу 20 мин пред да е готова супата, со лажиче ставаш по малку, јас сакав поситни кнедлите да се. Со обичен гриз сигурно ќе се помеки, јас немав таков. Компирот во рерна ти е печен?
Малата е многу мераклика за парченца храна, деновиве воведуваме вечера па еднаш во денот и го исполнувам меракот остатокот од денот е со класичен блендан оброк. Паста со блитва, урда и мм. Мафин со јаболки и сливи. Ќофте, зеленчук (јадеше и кифла)
Риба со зеленчук. Паста со рагу ( коњско месо со доматно пире), пармезан, мм. Телешко, зеленчук, житарки, мм. Проички. Мајки, малата е 8+. Блендирано не сака баш, вака на парченца ми изгледа многу помалку количински да јаде (пола од тоа што е во чинивчето). Како да постапам? Да продолжам вака или да инсистирам на блендирано иако има нагони за повраќање?
4 идеи за ручек 7м: 1. Спанаќ+ тиквица+ кромид+ компир млад+ путер+резне јаболче 2. Компир+ тиквица+ морков+ кромид+ ММ 3. Телешко+ карфиол+ тиквица+ кромид+ путер 4. Карфиол+ палента+ кромид+ тиквица+ ММ