Месо од коњ, како секое друго месо. Јас лично не го јадам, сум пробала ама не ми се допаѓа, на децата го давам ( препорачано од педијатар). На сликата погоре имам земено мелено од месара за сос, на друг начин ми доаѓа суво некако.
За во Кина да ми кажеа за јадење месо не би ме чудело. На пазарот во кубеи Вухан од каде што тврдеа дека произлегла короната немаше што немаше. Погрозно не сум видела. Ама на друго место да чујам месо од коњ да се јаде....
Не знам колку е препорачливо за деца не сум воопшто запознаена, ама зошто се чудите кога насекаде низ светов се јаде, не само во Кина, Индија и Азија туку и во Европа. Еве живеам во држава кај што традиционалното јадење им е од коњско месо, не само овде туку го има во повеќе држави и во месари и во ресторанти.
Јас не јадам, јас воопшто не би јадела месо, имам аверзија и грев за било какво месо. Но на дете давам, плус читав за коњското. Многу го препорачуваат кај трудници и бебиња. Содржи железо, витамини и минерали. Помеко било и сочно на вкус. Би дала доколку имам проверен извор. За мене и телешко и пилешко и свинско, би скокнала. Од дрте имам проблем со месото. Ама за дете, би дала доколку ме советуваат дека е добро.
Го има и низ маркетите, јас го зимам од месарата до мене ( ем ми го мелат, ем мала грамажа колку за децата само). Едит. Сега гледам се развила дискусија за месото. Може погрешив што спомнав дека е од коњ, знам дека е грев, но да не заборавиме дека и јагнето, телето, зајачето исто носат души и се мили животни. Има луѓе што јадат и срни, тоа е.
Затоа што кај нас коњот е придружно животно па имаме одбивност. Инаку во една Италија се јаде најнормално, и подобар избор е од јагнешко или свинско. Инаку не е грозно, нема ни да знаеш од што е нема интензивен мирис, јас сум пробала но баш од таа помисла не можев да го јадам. Тоа се коњи што се одгледуваат за месото, не се оние по битпазар товарените
Не згреши воопшто. Не гледам разлика од коњ и друго животно. Апсолутно исто. Се гледа колку ограничено размислуваш. Битно пиша осуди во тема која не е за тоа. Ти дека јадеш јагне, вол и теле тоа е нормално. Ама коњ не јадеш и е фуј.
@marchi-cool коњското месо е типично за Италија, често го јадат. Ние кога бевме имаше плаќање на карта пред влез во ресторан и беше на база на шветска маса, месното мени почнуваше со коњско месо,превкусно е. И јас би дала на бебе кога би имало тука , ама нема. На @Monella сигурно најнормално и е месово,скроз е во право. Какву корисни работи можат да се најдат по маркети таму, чудо е. Не за џабе тамошната кујна е најпозната во светот има и зошто. Да не сум оф топик еве една кашичка: батат,пашканат,тиквица
Војдан, 7+ Доручек: ориз Холле прелиен со жешко адаптирано млеко, пола банана и јаболче на пареа. Ручек: Батат, морковче, месо од петле, тиквичка, пашканат и маслиново масло.
Супер тема, за инспирација. Ај да ја сефтосам... Руски јогурт(сличен на грчки, само со поголема масленост), изблендирана праска и банана и овес и пченка ставив за да добијам густина, а и пробувам да му накачам килажа пред сѐ. Едвај се воздржав да не му го изедам.
Доручек 8м: 1. Овес+ тиква+ вишни + слива+ 1 бисквита Лобело 2. Печени јаболко и круша+ амарант 3. Гриз+ тиква+ јаболко+ 1 бисквита 4. Гриз+ цреши+јаболко+ авокадо
подобра опција за бисквити ти е хип тие жолтите. Јас ко полицаец овие лобело и планина маст имаат и шеќер.