11++ Интегрални тестенини со сос од јогурт, обарена брокула и малку лукче. Не знаеме за стоп кога го јадеме ова . Многу вкусно.
1 морков спанаќ 1 јајце 2 лажици маслиново 2 лажици спелтино брашно 1/2 лажиче прашок за печиво 2 лажици палента Сè во блендер измиксав и во калапи ги печев 25 минути на 180 °.
Со каков блендер приготвуваш? Ми фати око текстурата а мојот вака не блендира. Имам уште два месеци,да набавам таман
Ќути! Истово го помислив пред да пишам женава ќе мисли намерно ја следам во чекор Мислев не си приметила. Овие лобело ги рекламираат добри за деца/бебиња (па и скапи се) а имаат лош состав Сум давала и јас, па не ми беше сеедбо кога прочитав состав. Посебно се ежам на палмина маср Не те следам веќе. Чесен титов пионерски збор
Читај состав. Палмина маст не пишува на лобело, а во хип што биле подобри има. Исто тука еден куп шеќери има а во хип не се ни пишани шеќерите. На лице место ќе ги видам и нив. Толку некогаш претерувате со совети, како да некој ве праша нешто. Ама битно да се даде совет. И се потрудив да споредам, па излезе дека и двете не се здрави. А зошто јас сум одбрала да дадам, тоа е лично моја работа, како што и е на секој, своја работа кога дава само готови каши а не дома подготвени. Никогаш не се дрзнувам да кажам кој што да прави, без да побара некаков совет.
Оф леле! Воопшто не ми беше намерата паметна да се правам. У реду. Ќе те скокам во иднина. Секогаш поаѓам од себе. Баш би ми било драго некој да ми каже нешто. Во декларациите што си ги ставила во лобело на преводот не ни пишува кои се растителните масти. Друго, кажав тие со јаболче на хип. За овие кои си ги ставила, многу пати сме збореле дека се со шеќери. Поздрав едит. И ако убаво прочита, сум давала и јас. Долго мислев дека се со екстра состав, додека тука не прочитав дека не е така. Со таа идеја пишав, дека како мене не си видела. Да се расправам, немам намера.
Еве ја за споредба декларацијата на тие на Хип со јаболко. Туку, многу некако се тврди, според мене мора да се мелат и киснат.
за во кашичка се супер ако ги смелеш. За јадење се тврди, баш како што кажуваш. Може и затоа се 1+ означени.