Што убава мазна текстура имаат кашичињава. Гризот го блендаш заедно со овошјето? Или спремаш посебно па ги соединуваш само?
Ти благодарам, посебно го правам гризот, а и било која житарка, потоа го соединувам со овошјето и блендирам или банана, кајсија, со вилушка гмечам, бисквитата со рака ја дробам и мешам да омекне во кашичката
Јас да прашам како го варите амарантот? Ми изгоре ѓезвето, тоа стана густо демек ама кога го пробав ко да не беше варено.. и го фрлив на крај.
Од вечер стои во чаша вода, утре дента со цедалка менувам 3-4 води. Потоа за 1 лажица ставам 300мл вода во тенџерче,на 6ка. Кога ќе зоврие, намалувам на 4ка и повремено мешам. Околу 15-20мин, водата исчезнува, тоа е густо, лепливо и со потемна боја. Тогаш е готово.
@firequeenn ставам парченца, не се дави ама ги плука, нешто јаде, нешто плука па на лице место и згмечувам со лажичето и пак е покрупно и така голта. Пробај така, или со комбинација со сос да не и е скроз суво парченцето. Ќе се навикне