Мојот само ги голта и страв ми е. Ја земам јадам пред него божем да ме гледа дека џвакам му давам пак голта парченца а 5 заби има ете ако е до забите може значи да гризне/проџвака...ама стрв... Дали уште ти плаче при ранење? Ако му закасни лажичето 1 наносекунда рика
Сега последниве 2 дена не плачи. Му ги правам погусти кашите да не е течна многу и така имам време да му ставам нова лажица додека ја голтне таа. Му треба време повеќе за погусти каши. Подолго време ја чува во устето пред да голтни и добивам на време. Нема моево заби, ќе почекам да му никне некое па после и јас со парченца. Страв ми е пред тоа..
@Milkiway нека си голта, нема страшно ако се мали парченца. Мојата така правеше на почетокот, или го вртеше парчето внатре или одма го голташе. Сега со само два заба џвака како стара баба, не попушта Лазањи Рижото со аспарагус Телешко со зеленчук, мм. (Понекогаш блендирано за да јаде количински повеќе)
Проја од овесни снегулки, јајце, блитва, јогурт, маслиново, прашок за печиво и за да воведам лен, ставив ,,јајце" од лен. Сусам најгоре. Премеки, се изнајаде со јогурт за доручек. Спојлер: пресек
Ајде Во блендер прво овесот го иситнав, па во блендерот ги додадов и другите состојки. - 1 јајце - 1 лажица мелен лен прво да стои 15 мин во 3 лажици вода - 150 ml јогурт - блитва или спанаќ - 1 лажица маслиново - 10 лажици сомлени овесни снегулки - 1/2 прашок за печиво - сусам на крај пред печење Правам без сол, може да се додаде и урда 2-3 лажици. Печеш 30 минути на 200 °. Јас печев околу 20 мин на 200, па постепено намалував рерна. Појма немам зошто така се маткав, но ептен меки излегоа. Малку да се оладат пред да се вадат од калап. Меки се, кората не е тврда, тамам е за гризење.
Претпоставувам место овес може брашно? Нутрибулетот ми е расипан,не знам дали со рачен блендер ќе може да се истинат овесните. Блитвата само ја сецкаш и директно ја ставаш?
Па мислам дека може брашно, а мислам дека нема гајле и да не се иситнат снегулките сосема. Ги блендирав со рачен блендер, на најсилно. Блитвата во блендерот со другите состојки ја ставив.
Еве една идеја како да го искористите останатиот ориз, да направите ќофтиња за малишаните (и за возрасни) секако. Додадов едно јајце, малку пармезан и презла. Внатре ставав по едно перченце моцарела. Оризот ми беше варен со зеленчуци, може да се смета како комплетен оброк
@Monella ова е одлично.Некоја печена верзија на Аранчини ке му дојде нели Мојава јаде сама,па ми фрла многу зрна ориз на земја,вака е ептен практично. Те молам само кажи ми каков тип на ориз користеше?
Дуника од старт давам од оризот ние што го јадеме, карнароли и тоа големи зрна, нема проблем со џвакање. Овој