Син ми има 8 заби не исто се дави и почна дури уста да ми затвара ако доближам парче од било што. Упорна сум нудам стално се и сешто ама нејќе
Не е до забите, до децата е. Синко имаше куп заби па не сакаше ни да џвака ни да јаде. Примери имам кога наводно се дави од леб а џвака ореви и лешници.
Првата немаше заби до 16 месеци, а си јадеше пасирано и парчиња. Сега за втората не користам блендер за домашни каши, си јаде без проблем
Немаат врска забите со џвакањето.Доволно им се силни вилиците,на почеток секако имаат само предни или ич заби.До децата е. @Alishan30 @mal.ecka не ве заборавив,само малце каснам со рецепти.Ке ставам овде што повеќе периодов Крем супата е од тиквица и морков. На малку масло и путер издинстан кромид,па додадена тикиичка,два средни компири и неколку цвета брокула.Од зачини свежо нане малце и био микс(сол+сушен зеленчук). Вода еден прст над,и се вари 20тина мин.Пред крај две лажици павлака па блендирав.Многу е вкусна. Мафините се со сецкан спанаќ две шаки,150 гр сирење,3 јајца,малку маслиново,чаша јогурт и чаша млеко. Брашно ставив спелтино,една ипол чаша,и лажиче пециво. 12 мафини излегоа големи. Секогаш мешајте суви и влажни состојки посебно,па после спојувајте со макс 10 мешања,да не бидат ко мокри мафините. Палачинките се од една згмечена банана,100 гр брашно,250 мл млеко,пола лажиче пециво,1 лажица масло.Печени на нелеплива тава на средна темп.Штом почнат да се прават меурчиња,свртете.
А идеа како да подметнам просо? Не јадат блендирано,ни десерт во форма на пудинг. Ако на пример го ставам во полнета пиперка со месо и зеленлук,дали претходно некако да го спремам и во супа? Јас ќе го јадам со урми и какако како десерт Палачинкиве на тава со малку путер можи?
И Ема не е фан на просо,имам купено снегулки,па некако ги подметнувам во јогурт/мусли комбинација. Ако најдеш кокосово млеко конзерва,многу добро маскира вкус,особено со крушка во комбинација. И да неќат,не им се секирај многу,ке пораснат и без просо Плус те читам дека секој ден им готвиш ручеци богати со зеленчук Може секако на малку путер,превкусни се.
Првпат цвекло, заедно со месо и паста. Направи фаца на гадење, касна малку, ама некако... После ќе пробам пак, овојпат со малку грчки јогурт.
Динстани морков, тиквица, кромид, едно парченце стек и басмати ориз, па потпеков во рерна некоја минута.