Тортино, за кој не јаде зеленчук убава идеја да се прошверцува За синко во правоаголна форма, за ќере ќофтенца. Риба и зеленчук Паста со песто од босилек, Борово оревче, мм и пармезан.
Обаруваш зеленчук по желба, мора да има компир бидејќи без него не е тоа тоа Јас овде имам ставено компир, тиквица и грашок. Пасирам со виљушка, додавам пармезан или рикота, нешто млечно, лебни трошки колку да ја добијам посакуваната густина и на печење. На 200° околу 15мин. Формата прави ја каква полесно ќе ги залажеш лепотиците.
Не, бананата ја испасирав, додадов јајце промешав, додадов брашно па пак промешав. Многу беа вкусни, бебе изеде 2-3, останатите јас ги дојадов
Дуниче дај кажи ми ја рп за трета слика? Со карамел ти се премачкани вафлите, купечки ? Инаку успешна ми е твојата крем супа со тиквица и дај повеќе сликај
@azelea фала ти Колачите се многу вкусни и брзо се прават.1 банана се гмечи со вилушка,па се додава 60 гр путер од кикирики(може и бадемов),50 гр мед,100 гр овесни снегулки,лажиче какао и пола пакетче прашок за пециво.Се меша хомогено,па на хартија за печење со лажица се формираат “облачиња”Се печат 12-15 мин на 180. @Lady Leona вафлите се домашни,со мед и путер од бадем се полиени. Требаат 125 гр мек путер,3 јајца,100 гр шеќер(јас ставам 1 лажица),1 ванилин шеќер,250 гр брашно,1 лажиче пециво,прстофат сол,200 мл млеко. Прво се матат путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер,околу 2-3 мин,па се додаваат јајцата едно по едно,па мешавината од брашно,сол и пециво,па млекото.5 мин се на се трае подготовката.На загреан апарат за вафли/тостер се печат по минута две.