Еве денес што јадевме - матна слика, инаку банана, портокал, јаболко, малина, аронија, маџун - појадок - палента со кисело млеко - ручек грав - вечера ( не баш здрава ама...)
- 2 жолчки; - 1 банана; - 2 круши средна големина, ама да се презреани, благи, наместо шеќер; - 100 г. путер; - брашно; - цејлонски цимет; Ги изблендирав бананата и крушите, ги додадов жолчките, растопениот путер и циметот, блендирав додатно додека не се изедначи смесата. Потоа ја истурив во вангла и почнав постепено да додавам брашно и да месам. Колку брашно потрошив не знам бидејќи додавав се додека не добив смеса која може да се сука. Ја расукав и вадев со чаша кругови. Ги печев од око, ама ги препеков, доста се тврди, ама на синко му ги потопив со кисело млеко (малку повеќе да отстојат, а потоа ги изблендирав) и многу му се допаднаа. Останатите ќе ги сомелам за полесно и побрзо да се прават. И на вкус се многу убави.
Пченичен гриз варен со јаболко, праска и кокосово масло. На крај потопив и неколку лино бејби кексичи. Изедено, а бидејќи имаше вишок, касна и мама
Ручек, Да, да ручекот е ова. Мислам нема по снаодлив човек од мајка на која детето не сака да и јаде. Веке со месеци лажица не сака да види. Па леката со телешко месо ја испасирав и на леб му ја намачкав и цела ја изеде. Ужинка- диња
Грав со ореви 12+ *Може чудна ќе ви е комбинацијата,ама и ние дома така ги јадеме гравот и леќата.Превкусни се.
од вчера после градинка ручек (пржени пиперки со јајце, тиквени кофтиња и домат) ужина (банана и јаболко) вечера (супа со морков, киноа и пченка)