Пред да се роди бебе кога си правев за мене не го киснев никогаш од кога почнав да му давам на малиов почнав да го киснам и колку што знам да поентата е побрзо да се свари. Иначе многу јадења не ми се тоа што ми беја од кога поминавме корона како вкусо да му се смена на све и можи затоа ми горчи ништо чудно
Палачинки со банана и какао Запечен зеленчук со бешамел и кашкавал Плескавици од кускус со рендан морков(превкусни се) Класична овесна каша
Ммм, превкусно.Имам јас еден рецепт како тавата со зеленчук со бешамел од Џејми Оливер, многу е убаво само со карфиол и брокула,одамна не сум ја правела ме потсети. Јас сакам рецепт за плескавиците со кус кус
ја држи олку оброк (макароните и оризот пример). Мене се малку ми се чини и се мислам гладна е. Се кисне од вечер просо, не ради побрзо варење, туку заради фитинската киселина.
Не знам. Прво и јас се сомневав бидејќи постојано викаше ам, ам кога и да видеше храна, сега ја оставив. Видов дека сака само да проба, од навика ваљда, ако е месено нешто море си тера нема сопирачка Кога е сита сама ја крева главата на горе и така знам дека не сака, не инсистирам. На килажа добра е (+500 гр. последниот месец) весела е. И твојата толку јаде?
Овде има просо, моцарела, доматен сос, морков, тиквица и малку брокула. Требаше и пилешко, но тоа ќе пробам во наредна прилика. Мислам дека и со жолчка би било убаво. Многу беше вкусно.
Штета, баш се трудиш Ова доле лево Dragon fruit е? Ти има некој убав вкус или само мене не ми се погодија кога купував. Некако без вкус ми е, а баш е скапо.
Dragonfruit е. Да, нема нешто посебен вкус ама убаво е на изглед. Евтино е овде и кога ќе го видам негде купувам.
Месо од коњ. Имам во близина месара што продава само коњско месо, ме прашуваат како ќе го нудам живо или готвено за да знаат од кој дел да ми дадат, искрено живо не сум се осудила уште да дадам, а овде го јадат со лимон за железото демек било многу добро. Овој пат земав и котолета баш денес планирам да и ја дадам.
Имаше веќе дискусија на оваа тема претходно. Кај нас чудно е да, дури не знам дали се продава. Не ми текнува Монела во која држава беше ама во Италија јадат луѓето и тоа имаат и димено како за мезе, ма мислам во сите форми и било навистина многу убаво.
Да, овде се конзумира многу. Тие коњи ги одгледуваат само за таа намена. @Jana06 да во Ит сум. Еве го месото, валкано во лебни трошки убаво и меко излезе, и се допадна на малата. Другото е макарони со крема од наут. Проја со спанаќ