Штета што кај нас не се консумира коњско месо . И тоа е табу . Или со гадење се реакциите. . И јас не сум пробала. Но кога ќе споредиш коњ и свиња ??!?!?!?! Има разлика. Некој се чудат и за свинско , али тоа е. Секое поднебје различно
И јас како мала се чудев, како конзумираат луѓето месо од коњ . Од татко ми, и дедо ми добив одговор дека коњот јаде најчиста храна, дека ги јаде само врвовите од тревата, дека има најчисто месо.
Многу сака брокула ама минатиот пат кога и пуштив некое дете во училиште и кажало бљак disgusting била брокулата и не ја изела. Денес ќе видиме. Жирафата ни е малку тажна.
Дајте ми рецепт за мафини и проја. Барав во лупата но не можев да најдам рецепт, океј само еден најдов. Пробав денес еден од хрватската група, воопшто не ми излезе добар, од око се ставаше се а така не ме бидува...
Спојлер: Проја Види го прикачениот фајл 673728 Кога правам за сите и немам време вака : - 4 јајца - 1 чаша (околу 150мл) овесно брашно (или било какво) - 1 чаша палента - 250-300мл јогурт - 2 лажици масло - 2 лажички пециво - малку сол (ние навикнавме скоро и без сол ама мора еден прстофат) И сирење, семки итн што сакаш по желба. Прво се мешаат јајцата со солта, па се додава се останато. Се пече 30-35 мин на 220 степени. Спојлер: Мафини 1 рендан морков малку рендана тиквица (исцедена) едно јајце (може само жолчка) 2лаж кисело млеко Моцарела по желба (јас немав сега и не ставив) 20гр путер стопен на пареа (може и маслиново) Обарена блитва или спанаќ На страна мешаш една чаша (околу 100мл) пченкарно брашно и една чаша мелени овесни снегулки (јас сега ставив овесни трици), па ги додаваш во смесата. По потреба додај вода за да се направи убава смеса. Печев 25 минути на 200 степени. Спојлер: Лепчиња @kanella Еве најдов мои рецепти што сум ги ставила низ темите.
Спојлер: Мафини 1 рендан морков малку рендана тиквица (исцедена) едно јајце (може само жолчка) 2лаж кисело млеко Моцарела по желба (јас немав сега и не ставив) 20гр путер стопен на пареа (може и маслиново) Обарена блитва или спанаќ На страна мешаш една чаша (околу 100мл) пченкарно брашно и една чаша мелени овесни снегулки (јас сега ставив овесни трици), па ги додаваш во смесата. По потреба додај вода за да се направи убава смеса. Печев 25 минути на 200 степени. Спојлер: Лепчиња Види го прикачениот фајл 720220 @kanella Еве најдов мои рецепти што сум ги ставила низ темите.[/QUOTE] Леле фала ти многу. Што би можело замена за урда? Овде кај нас никако не можам да најдам несолена, а солена пак многу ретко. Има нешто слично, cottage cheese, ама не ми изгледа дека ќе заврши работа... Оние мафининие сабајле што ги спремав беа пола банана, круша или јаболко рендано, пирово брашно (што брашно е ова)? јас ставив пченкарно и една лажица пченичен гриз потоа две лажици мм, рецептот беше со овесно млеко но јас ставив јогурт. Ги испеков околу 30мин на 200степени, одозгора само беа фатиле кора и малку беа запечени внатре. Не беа "живи" ама пак не беа и она прави мафини. Ја тргнав кората ги направив бомбици и ги изеде бебево 3 парчиња, останатите јас ги лапнав со нутела