Да, ги печев на 200 степени додека не фатија кора. Но беа многу меки, се залепија плус на хартијата за печење. А и јас претерав со кромидот па камуфлирав, мацкав во доматен сос
Во оваа тема се најпосветените на исхраната, па затоа и тука да прашам Ако може да споделите по колку јадат вашите деца што се на исхрана со парчиња? Малиот е скоро 16 месеци, јаде парчиња ама само одредени работи. На пример зеленчукот и месото не сака да ги јади како парче. Кога е блендиран ручекот, знае да изеде и повеќе од 300 грама, и сега кога би му давала парчиња не знам колку му е доволно. Се извинувам што постот не е баш за темата, ако има проблем нека премести модераторот.
Зошто се оптеретувате со грамажа, секое дете има различен организам вие исто јадете секој ден на секое јадење? Ако е дете не значи дека се треба да оди по грамажи ред и редослед, индивидуа е. Нормално дека блендирано јаде количински повеке не џвака само голта. Следете си го детето дозволете да ве води. Нормало зборувам за дете шо нема проблем со исхраната и напредува добро.
Не се разбравме Не се оптеретувам со грамажа воопшто, само немам искуство и осет колку од прилика би требачо да јаде во парчиња. Баш дека во парчиња би јадел помалку, затоа и прашувам. Поназад имаше некој спомнато некоја хрватска група за исхрана каде што тоа е убаво објаснето па ако може да ја споделите
Секако ќе изеде помалку во парчиња ама ти спремај му ете 40-50гр месо, 3-4 парчиња брокула, пола компир, пола морков. Повеќе од ова не ми се верува да изеде (не ти го знам детето ама тука некаде се со моето). Или порција ориз, со 1-2 мисиркини плескавички, краставичка, патлиџан. Така некако, па ќе видиш колку може да изеде. Мојот на пример, месо најмногу јаде како плескавички, во манџа, чаден лосос на тост лепче со путер, болоњезе сос со макарони.
Денешниот ручек ништо посебно ама од мерак ќе ја ставам сликата дека после недела фрлање храна и 200гр минус во тежина, КОНЕЧНО стави нешто во уста. Ориз со мелено месо со малку доматен сос, брокули и свежи краставички.
Ќофте со доматно пире и палента+тиквички @SofiMar_ кога ти ги гледам сликиве ме фаќа мерак синко да почне на школо Многу посветено и креативно само пофални зборови
Обарен 3,4 минути, колку да омекне. Освен урда има и рендан пармезан и лебни трошки ама во помали количини. Инаку многу беа вкусни а и меки, тамам за деца без заби
1 банана ќе изгмечиш, 1 јаболко ќе изрендаш, ќе додадеш малце цимет,, 4 лажици пченичен гриз, 1 лажица палента, 2 лажици маслиново, малце пециво. Ќе печеш околу 30 мин на 180 степени.