Немам слика ама вака го правев, некаде на инстаграм го најдов рецептот не ми текнува каде. 1 рендано јаболко малку го динстав со лажичка кокосово масло, оризот убаво го измив отприлика 1 мала чашка како за кафе, и го додадов на јаболкото, и додадов 3 чашки вода. Кога испари водата (на тивко го варев) додадов 3 чашки млеко. Со истата чашка мерев сѐ. Варев на тивко со повремено мешање. Настрана испасирав 1 банана, и кога беше готов сутлијашот помешав со бананата, додадов малку цимет, оставив да се излади и имав за 2 пати да јаде. Превкусно беше.
Како пита нешто Тиквица една ќе изрендаш, 2 лажици пченично брашно, 3 лажици пченичен гриз, 1 лажица маслиново, 1 јајце и малце прашок за пециво. Се ќе измешаш и на хартија за печење во тавче ќе ставиш на 180 степени отприлика 25-30 мин. Преубаво е, меко за малите погодено Немам навика да сликам, а по цел ден сум во кујна
Една рака црвена леќа, батат, морков, брокула, карфиол, едно тркалце лук и грашок. Сварив се заедно, кога испари водата додадов една лажица пченичен гриз, две или три лажици пченично брашно и една лажица маслиново. Леплива смеса се добива, па ги намрсив рацете со масло и формирав ќофтенца. Печев околу 15-20 мин на 180степени. Кога се топли се кашави, штом истинат ќе се "стегнат". Многу беа вкусни, и ги давав со кисела павлака, се изнајаде. Првично требаше да биде како кашиче но ми одбива се кашесто во последно време па мораше да се снајдам, и супер излезе. Инаку, сакав да ти кажам дека утрово го направив рецептот што го пиша погоре, но место тиквица ставив круша. Излезе една голема печена американска палачинка нималку слично како твојата слика, но и тоа беше вкусно, појадивме и двете
Пилешкото го пропржува на тафлон со малку Путер и ги додавам печурките со зачини да омекнат малку да зарумени месото ги вадам ги ставам во грнестово додавам неутрална Хопла и ставам да се печат па при крај додавам една рака рендан кашкавал (ништо посебно нема али го јади е сите дома) Лепчето 1 шолја брашно 20гр растопен Путер 200мл млеко Малку сол Замесуваш тесто од овие состојки и го ставаш во замрзнувач 15мин завиткано во најлонска фолија За фил Еден компир верен го пласираш ако ти е густо додаваш по желба млеко, мајонез, кечап, авц намаз, што сакаш да направиш убава смеса И кашкавал рендан околу 200-250гр Тестото го вадис го делиш на три топчина и го сукаш додаваш од смесата со компир на средина убаво полниш и кашкавал па го затвараш пак го сукаш и на тавче со путер го Печиш на средна температура и мачкаш со путер постојано