Некоја верзија на здрава торта од памет Состав Подлога Овесно брашно 300гр Црно чоколадо 70%какао 60гр растопено Путер растопен Урми киснат во топла вода Млеко - 5лажици Фил 1 Банана 4 помали 5 лажици домашен пудинк Фил 2 Пудинк од две кесички направен со 700мл кокосово млеко (може и обично) Две коцки путер 3 лажици мед Утре ќе кажи бебе дали одобрува или не Јас пробав али вториот фил ми се распаѓа не е стегнат требаше желатин нешто да ставам
Овде има риба, батат, морков, брокула, боранија, грашок и кромид. Додадов 1 лажица пченичен гриз, 1 лажица маслиново масло и 2 лажици пченично брашно. Печев околу 15-20 мин на 180степени степени. Поизладени се многу поубави.
Се е од око, варев посебно зеленчук-риба, зеленчукот скроз да испари водата па го пасирав со вилушка и ја додавав рибата ситнета на мали парченца.
3 јајца, 1 чаша шеќер (јас ставив половина) половина чаша масло, половина млеко, 1ипол чаша брашно, 1 пециво, малку цимет, 6,7 јаболки сечени на тенки парчиња. Можеш сите јаболки да ги ставиш внатре во смесата, може и да оставиш неколку парчиња ако сакаш за декорација одозгора, како сакаш ти. Се пече на 180° околу 30 мин. зависи од шпоретот пак, ќе си провериш со чачкалица П.с чашата од 200 мл.