@Sofi.ja @azelea женски простете,многу каснам со одговори,случајно видов,не секогаш ми излегуваат нотификации кога сум означена. Софи,зеленчукот е 500гр компир,100гр брокула,1 морков,се обаруваат 10 тина мин излупени и исечкани тенко,па се ставаат во огноотпорен сад,и се полеваат со бешамел.Сосот:полна лажица путер се топи,па исто толку брашно,се промешува да пожолти кратко и се истура 100мл млеко+100мл вода/бујон,па се продолжува со мешање со жица дур да згусне.Се истура врз зеленчукот,се додава рендан кашкавал и зачини по желба,и на 180 дур не фати коричка во рерна. Ако те мрзи бешамел,и готова павлака за готвење е топ. Плескавиците од кускус се превкусни. 75 гр кускус се полева со 100тина мл зовриена вода да набабри(подобро предвреме да се направи,ако е топол кускусот побрзо загорува),па се додава 1 рендан морков,50гр кашкавал(овде пармезан)1 јајце,лажица брашно,сол,бибер и малку црвен пипер.Се печат по неколку мин од страна на тивко,на нелепливо тавче.
Даа, многу беа вкусни. 1 Пасирана банана, 1 рендана јаболка, една полна лажица спелтино брашно, 1 лажица маслиново масло и овесни снегулки од око ставив. Јас додадов една лажица маџун ама и не мора, благи се од бананата. Ги печев околу 20 мин на 200 степени. Пс, не е темата за тоа ама лесни чекорчиња на малата, преслатка е
Секако, извини што малку доцнам со одговор Неколку цвета брокула се обаруваат и се сецкаат Мешаш 1 јајце, пола чаша јогурт, 1 л. маслиново масло, 1 л. крем сирење, 6-7 л. пченкарно брашно и малку пециво. Густината на смесата како за американски палачинки, ја додаваш брокулата на крај и печеш по 1-2 минути од секоја страна на нелеплива тава. Многу се брзи, лесни и вкусни
@kanella секако.. Првото е крем супа од тиква со морков и црвена леќа. На маслиново се пропржува кромид,лук,да омекнат па се додава еден морков,коцки тиква околу 200 гр,1 Г.Л црвена леќа,зачини по вкус,налеваш вода или бујон 2 -3 прста над зеленчукот и се крчка полуотворено 20тина мин.Јас блендирам со рачен блендер,и сервирам со густ јогурт.Вкусна е. Второто е класични таљатели(Барила),со пилешко сецкано во кари сос,фамилијарен рецепт,не е екстра детски) Третото се енергетски бомбици,од тепка ги правев,ама еееептен вкусни. Околу 1 cup овесни,две три лажици мелен бадем,мелено ленено семе,4 свежи урми,мало лажиче кокосово масло,во блендер се заедно,па во фрижидер еден час да се стегне,и ги валкав во кокос. Тоа последното е банана лебче,исто највкусно што сум пробала до сега а имам правено по 3-4 рецепти. Ова е на majkatakata Инста профилот.
Ова е доручек од вчера и денес. Не изгледа ич убаво ама многу беше вкусно. Вчера јадеше овесна каша со банана, јаболка, боровници и мало лажиче маџун. Денес требаше да бидат мафини но калапчињата многу ми лепат па несакав да остане пола мафин залепен и го излив на пек папир. Многу беше вкусно и меко. 1 банана, 2 лажици рамни растресени палента, 3 лажици исто рамни гриз, 1 лажица маслиново масло и малку вода. Додадов сецкани боровници и бебево еве не може да се изнајаде. Едит: смесата во блендер за да излезе помазна. Едит 2: сум заборавила да пишам дека се става и малку пециво.
Па мислам да, но така може ќе бидат по "тестести". За сода исто не знам, многу сум неспретна во кујна По овој рецепт беа многу меки.
@kanella мама колку мафини би требало да испаднат? Оти немам хартиени калапчиња, имам едни алуминиумски за еднократна употреба шо се, ама само 5. Ако не ми се доволни да си правам директно во тава.
Ќофте од спанаќ и урда, ги имав споделувано поназад ама ќе пишам пак. Спанаќот го обарувам 2,3 мин, го цедам убаво, додавам урда (имам ставено по 250гр. ) малку пармезан, 1 јајце и лебни трошки колку да се добие посакуваната густина. Ги печев во готвач на пареа на 200° 15мин. Последната слика се ќофтиња од кускус и зеленчук. Јас ставив 200 гр. Кускус, додадов толку и вода, лажица маслиново масло. Во тава исецков кромид, изрендан морков и тиквица и со малку масло и вода направив да омекнат, ги додадов кај кускусот, 1 јајце, лебни трошки по потреба ако сакаш може да ги валкаш во трошки исто.