Полпети со тиквица и кашкавал. Утре ќе ги наполнам повеќе калапчињата да дојдат како мафини, многу беа вкусни.
Мафини по рецептот на Канела, само што овој пат со тиква ги направив наместо банана (уште повкусни се) Топче ќофте од мелено месо, тиквица и кромид
Не е брокула, спанаќ е. Само така го шверцувам да апне малку и баткото. Тоа се кофтиња од ориз, морков, кромид, грашок, спанаќ, јајце, пармезан и лебни трошки. Печени 15 мин. Еве
Рецепт за сосот:се запржува на маслиново малку кромид и лук, се додава пасиран домат и зачини:бибер,сув босилек и малку сол.Последно се додава неутрална павлака. Пармезанот го ставив откако сервирав како додаток. Палачинки
Секако. И мене преземена ми е. https://www.instagram.com/p/B2ZHH8hH6E6/?utm_medium=copy_link Само јас наместо јајца, ставив заменски јајца со чиа семе. Премеки беа. Горе тоа е намаз од авокадо со јогурт.
Од Канела ми е рецептот, само наместо банана ставив тиква. Ги имам и со банана и со тиква направено, за мој вкус, со тиква ми беа поубави.
Чисто еве предлог, може е глупо, но мислам дека на многу тазе мајки ќе им помогне. На секоја слика да биде пишано која е возраста на детето, како по групине на фб. Што мислите?
Колач со јаболка. Требаше мафини, но чекам да ми стигнат силиконските калапчиња па го излив во калап за лепче печење.
Еве повели. Наместо шеќер ставив 3 лажици маџун, и 2 јаболки толку имав дома. Не ставив ванила и цимет а верувам дека така би бил уште повкусен. И јаболките јас ги рендав, не ги сецкав на коцкички.
Колач со јогурт, за ужинка. (Мојот е со чоколадни зрнца, може и без) Крем супа од брокула, морков и компир.