Мош твоето пие млеко повеќе и му е основна храна, ама не и моето. Моето од млеко напредуваше ептен малку, ни минимално. Откако почна со цврста храна повеќе напредува. Таман работа на 200мл млеко дневно што ги пие да ѝ давам да си играе со една јабучка, па колку изеде изеде.
Добро, не се сите деца исти, не се сите мајки исти. Не си помајка од мене оти не даваш јајце, ни јас сум помајка од тебе оти давам калинки. Кој како смета, така нека прави, никој не му мисли подобро на твоето/моето дете од тебе/мене.
Леле се фативте ко слеп за стап. Ако е докажано од доктори дека има бенефити од таков начин на исхрана, зашто да не проба? Сигурно има истражувано пред да почне да му дава јајце да јаде на детето. И спомнувате педијатри, па педијатрите во мк сеуште препорачуваат да се почне дохрана односно пробување вкусови со сокчиња, па уште да прашува за блв? Примарна храна на бебето до годината е млеко, затоа другото се вика дохрана. Тоа шмукање за пробување е сосем доволно, нешто ќе шмукне нешто ќе џвакне итн, кое бебе на почеток јаде цело кашиче од 125мл на пример? Мислам, нанкрај краева вас ако не ви е океј тој начин на исхрана ок, не мора да им паметувате на мајките што се одлучиле да прават поразлично од вас, понекогаш стварно претерувате. Плус темата не е за оваа дискусија, ептен се отиде офтопик.
Да де, секој си знае за своето. Само не знам кој педијатар би препорачал мафини со јајца и брашно на бебе од 6м. Од таму и почна дискусијата
@forumce мојот педијатар е повеќе за блв него за класичен начин. И неговиот став еве конкретно за јајцето е дека ако не дај боже детето имаа алергија како сакаш и кога сакаш дај му јајце ќе појави. Значи ризикот да развие алергија е иста без разлика дали на 6 месеци ќе му дадеш цело или на 9 жолчка на 12 белка. Како и да е, отидовме доста оффтопик. Сите сме НАЈмајки и највеќе си ги сакаме децата. Секој одбира начин за дохрана кој му одговара.
Ова е репете, затоа е прљаво тањирчето Макарони со бел сос, малку хопла за готвење, кашкавал, моцарела и пармезан.
Испаднале од контрола мајкиве со препирки . Отворете тема за кавги . Оваа тема е за рецепти , ја обожувам . Се полнам со идеи. Модераторите да ги префрлат овие офф топик коментари .
Од 7 месеци, од почеток само краставица не ми јадеше после почнав да му ја рендам и со павлака му давав, а сега и вака си јаде.
Пита со (рендани) јаболки. Често и правам за доручек/ужинка. Повеќе правам со сецкани парчиња ама оваа на сликата е со рендана па еве го рецептот: 4 јајца, 3,4 јаболки, 2ф шеќер (може и 3, јас заради малата ставам помалку) 3ф зејтин, 6ф. брашно, 1 пециво 1 ванила, кора од лимон, цимет по вкус. П.с филџаните се од најмалите, тие за турско кафе што беа во наше време
Убава тема убави рецепти, убаво би било под сликите да пишувате на колку месеци ви се бебињата, дека не е исто 6, 8 и 12. Јас уште не сум ни породена ама многу сакам да готвам и уште од сега запишувам рецепти. Извинете но не разбрав што е блв?
Колачиња со овесни снегулки, банана и јаболко -за поголеми дечиња може да е ужина, за нас оброк во обид Имаш посебна тема за блв, читни ја. Информации имаш на инста профилот на мајката Ката, на повеќе јутјуб канали, апликации и најмногу на solid starts. Накратко, тоа е метод каде што бебињата се водич во дохраната, односно им се дава само да јадат парчиња/каши од старт, тогаш кога тие сакаат и толку колку што сакаат. По препораките на тој метод нема воведување намирници по 3 дена, од старт може се да се меша, освен алергените. Исто, се препорачува алергените да се воведат колку што е можно порано. Затоа, џабе е да пишуваме на сликата за која возраст е, оти тоа што некоја мајка го дава на 6 месечно бебе што се храни по методи и препораки на блв друга мајка би го дала можеби после 12 месеци. Запишувај си ги рецептите и ќе ги користиш тогаш кога ќе ти се воведени намирниците.