@IRBBB благодарам на објаснувањето баш ќе побарам. А на почетокот на темава на сите објави пишува од која возраст почнале да ја даваат храната од рецептот и е многу попрегледно. Ама имам време до летото ќе ја исчитам цела тема и ќе имам одприлика поим што кога се дава.
https://www.instagram.com/teeny_tinybellies/p/CVmOjaxvf99/?utm_medium=copy_link Наместо млеко ставив јогурт, а од зачините само цимет. Мене ми беа вкусни, премеки се. Јадачов мој пак не беше воодушевен
Овесни снегулки со вишни и банана, не е нешто вау јадење ама бојава ептен ми се свиѓаше и по не знам кој пат се запрашав зошто досега во животов не сум си правела за мене вакви комбинации
Не знам зошто мојата не сака каша со овесни снегулки. Освен во палачинки на друг начин не можам да ги подметнам. 15+ месеци.
Проја со спанаќ и сирење. 3 јајца, 200мл.јогурт/млеко, 100мл.зејтин, 10 лажици палента, 10лажици брашно, 1 пециво, сирење околу 150-200гр, свеж спанаќ колку ќе собере. Се пече на 180° околу 35-40мин.
@Monella пиши рецепти со сликите, многу убави јадења подготвуваш, ќе си олесниш и ти да не те бомбардираме со рецепт на секоја објава Има и вакви денови, ништо не изеде. Едвај лепче касна малку, јајцето го лижна а авокадото на земја. Па дојаде сув леб и кашкавал.
Ok, сега можете да ме викате the muffin lady 1 банана, половина круша, 2 суви кајсии, 1 јајце, 1 лажица маслиново, 1 лажица гриз, 1 лажица палента, 1 лажица спелтино брашно, 1-2 лажици пченично (ќе видите по густината, а може или едното или другото, не мора две брашна), малку пециво. Се меша се заедно и се печи 20 мин на 180степени. Пре ме ки.
14м. Од вчера ручекот. Знам дека вака не изгледа убаво и фотогенично јадењево , ама е превкусно. Црвена леќа, морков, кромид, лук, ова одозгора е бело пилешко месо.
Палачинки со банана, јајце и овесни снегулки, премачкани со пире од варена круша со малку ц. цимет Фусили со песто од авокадо и пилешко месо
Денес ги вадеше една по една и директно на земја ги фрлаше. Нов му е садот и целта му беше само да го одлепи и да го гризи него. Му истурив и директно на послужавник, ама збесна за садчето и ништо не касна. Претходно имам давано со болоњезе, ги шмука тестенините и ус пат ако залета некое парченце тесто, инаку не знае да ја закаса и да јаде.