3 јајца 150гр.шеќер 200мл.сок од портокал (јас исцедив 3 портокали на кои претходно кората им ја изрендив за да ја ставам внатре) 50мл.зејтин 300гр.брашно 1 пециво и кората од портокал што ја спомнав погоре. Чоколадните точки ги ставив кога веќе смесата беше во тавче, не ги мешам внатре бидејќи паѓаат на дното. Се пече на 170° околу 35 мин. За секој случај се проверува со фамозната чачкалица
Аа овоа оде утре на мени , превкусно Само ја немам ваков калап , може ли во оној за куглоф Колкави ти се малите , сакам и јас како тебе да знам да готвам и имам идеи
Може во каков сакаш, за куглоф, тој што се отвара од страна или пак обичен плех, само не поголем од 26 бр. Палавковците се 16 месеци малата и 7год. баткото. Од малата за сега немам проблеми ама затоа баткото душа ми вади. Уште го чекам денот кога ќе почне да јаде
Јас си ги правам како за нас. Ама ние се храниме по блв и од старт цело јајце имам воведено. Една тиквичка изрендана, едно јајце и 2-3 лажици брашно мешам. Ставам малце бибер. Ги печам на хартија или во тавче на малку маслиново.
Ја слабо јадам вакви работи со леќа и слични му имам правено , овие првпат денеска за ручек и ептен ги бендиса , не дочека ни во хранилка да седне да јаде , дур спремам на маса во движење се најади сам незнам зошто порано не сум ги правела вака како што пиша и ја ги направив , го изнајдов тука рецептот. Јаде кај мене се , речиси Годинка е , и се имам воведено не сум ограничена со намирници @Katerina94 следно со пармезан ќе ги пробам звуче уштe повкусно , он и вака ги бендиса ептен.
Тие ми се лапни голтни. Секогаш кога ги правам мав се за секунда лесни, брзи и превкусни. А со пармезан и јас баш ќе пробам наредно.
Тортелини карбонара брокула фритата(нз ни јас кој по ред експеримент за да јаде брокула ама се откажувам, ќе и ја сервирам обичнa па кога ќе ја засака тогаш) овесна каша пилешко во сос Свежо цеден сок од целер, морков, јаболка, калинка тако за на слика само после растурено тако јадеше
Ќе биде доволно благо ако го изоставам шеќерот за да може и бебчо да јади? Или да си го направам само за мене?
Да, само тие. Пола авокадо, 12-13 урми (ќе си провериш на блажината, со оваа количина беа доста благи, нареден пат би намалила на 10 можеби), 3дл овесни снегулки, и две лажици какао (јас ставив една, со две ќе беа појаки, погорчливи). Со рачен блендер ги изблендав авокадото и урмите, потоа ги додадов овесните и какаото и мешав со спатула. Правев топчиња и ги валав во мелени бисквити. Рецептот беше со тостирани кокосни снегулки но немав дома и затоа бисквити. Многу беа вкусни, и има простор за играње со намирниците.
Фалааа, ќе ги направам следната недела Претходните што ги правев со урми многу и се бендисаа на малата, а ова со авокадото е супер да го вметнам во нив
Палачинки од авокадо и банана, премачкани со кокосово масло и какао Пасирана мусака Тостирано лепче со паштета од риба и жолчка Палачинки од батат, премачкани со домашен џем од шумско овошје и чиа семе Печено јајце во калап од мафин, пудинг од гриз, банана и какао Печени плескавици од леќа и цвекло Пржени лепчиња со јајце