Ако сакаш пробај па ќе ни кажеш и на нас какво ќе биде Искрено, не знам. Евентуално да го намалиш, ем нема да се осеќа толку кората од портокалот. Ќофтиња од леќа и зеленчук. Кајгана со спанаќ, моцарела. Полнет пилешки копан. Коњско, доматен сос Види го прикачениот фајл 745183
Пола авокадо, пола банана, 2 јајца, лажичка прашок за пециво и брашно да добие доволна густина. Јас турив 3л ама ми беше многу густо, па дотурив малку вода. Пола мало печено цвекло 2 лажици црвена леќа, 1 лажица киноа и чешне лук сварив заедно Четврт печено јаболко 2 лажици брашно Маслиново масло Сето заедно измешано во блендер, печено на 180°, 15тина минути.
Не. Речиси ништо не јади. Задоволна сум кога од сѐ ќе касни по малку. Ама не се откажувам, јас ќе спремам, еден ден ќе пројади. Меѓу пасирано и парчиња, повеќе ќе касни со парчиња, со пасираното повеќе шлака и мачка.
Поназад во темата има рецепт за мафини, ама јас немам калап за мафини па го направив како колач,плус го изменив малку 1пасирана банана, пола јаболка исечкана на коцки, 1 сува кајсија ситно сецкана, 1г.л масло, 1 поголемо јајце, на врв од лажичка пециво, 1 и пол г.л гриз, 1г.л палента и 2г.л обично брашно, ставив и 1 мало лажиче мед и околу 1 г.л обично млеко. Се пече околу 20,25мин на 200ст,зависи од шпоретот. Мојата е 11 и пол месеци и веќе ѝ имам дадено мед(во печени колачи) и кравјо млеко. А вие може да си го прилагодете рецептот како сакате. Малото си изеде 2 парчиња, големата не сакаше ни да го проба, за неа сѐ е бљак и неубаво
Нешто од ужини Чоко банана малини лебот кај Несторовска видов рецепт бомбиците на Канела од авокадо и урми само што ги увалкав во кокос и користев мусли наместо овесни снегулки, многу се вкусни
9++++ Makaroni so kecap izede se, sirenjeto nedopreno ostana Pecen kompir i morkov so oslic obaren vo folija
Мојава, уште малку 19 месеци ќе полни, ама луда е по цеден сок, да и дадам и литро би испила. Не знам колку е дозволено за нејзина возраст. Јас по два пати и давам на ден по 100 мл. ама малку и вода ставам внатре, дека мојава вода слабо пие.
Кажите некој рецепт за палачинки или мафини без јајце. Нешто што може за вечера да се даде. Немам идеа веќе
Колачите и овде ќе ги ставам, ги правам за ужина на малата, многу сака домашни торти. Првиот е со јаболки, вториот со вишни.