4 јајца 150 до 200гр шеќер (зависи колку сакаш да е благо) за малото може и помалку. 200мл јогурт 100мл зејтин 400гр брашно 1 пециво, 1 ванила Вишни колку сакаш. Јас ги ставив одозгора за да не слегнат на дното од тавчето. Се пече на 180° околу 30 мин.
Торта со моркови или позната како carrot cake и многу вкусни бомбици(не се здрави ) И мали и големи бендисаа
Нападнав јас со колачите, немам идеи што да дадам за доручек па само торти и палачинки плескам Еве уште еден, овој пат од моркови. Не очекував дека толку ќе ме бендиса. На изглед не е којзнае што ама вкусен е. Ајде да не бидат само колачи, еве ќофте и доматно пире Таљатели со брокула и павлака
Околу 400гр. моркови свежи излупени, 120мл. зејтин се блендираат да се добие како намаз. Во друг сад се матат 3 јајца, 150гр.шеќер (може да додаваш,одземаш според потребите)250гр.брашно, 1 пециво, кора од портокал. На крај се додава и смесата од моркови, се соединува се и на печење. Се пече на 170°
Бев скептична како ќе помине пудингов ама мав направи госпоѓицата Чиа пудинг со авокадо, банана и цимет. Сакав какао да ставам, но немав, а сигурно доста повкусен би бил
Мафини од банана и боровинки премачкани со кокосово масло Ќофтиња динстани во доматен сос (мафините и ќофтенцата по рецепт на @LivingGlam, особено ќофтињата совршени се ) Тостирано лепче со хумус од наут, таан и семки од тиква Фритери од слатка пченка и спанаќ по рецепт на мајката Ката Тостирано лепче со паштета од пилешки џигерчиња, кромид и јаболко Печено јајце со спанаќ @marta993 како го правеше пудингот? Со водичка? Одвечер го остави да стои за да набабри чиата?
Една кафена лажичка чиа и отприлика 10тина вода, па преку ноќ во фрижидер да набабри. Неколку пати промешав, види може ќе треба повеќе или помалку вода. Јас не го правев точно, од око ставив вода. Најважно е да е семето набабрено и да е меко нели Нареден пат ќе и ставам шумско овошје, како смути ќе дојде
Во блендер ставам едно јајце, обарен спанаќ по желба (јас од кам 2 брикетчиња ставив), малку маслиново масло, блендирам за да се иситни спанаќот и да добие смесата зелена боја, ја истурам смесата во алуминиумско калапче за мафин и печам на 200° некои 15-20 мин. Многу е посочно вака јајценцето, вака најмногу ми го јади.
Лепчиња во air fryer, издлабнети па полнети со јајце, грчки јогурт и јаворов сируп па се печат 5-6 минути. Додатоци одозгора по желба јас јагоди ставив значи превкусни се Здрав леб од бадемово брашно, путер од индиски ореви, сличен на тој со малините од Несторовска само со неколку измени.