Може ли рецепт за полпетите со пилешко и плескавиците со цвекло и црвена леќа? Ептен лично му го правиш јадењето, се надевам се разјаде батката
Полпетчињата ги правам импровизирано, со остатоци од храна од претходниот ден. Мевце, компир, морков изблендирани, сецкам ситно еден-два цвета брокула, 1 јајце и малку лебни трошки/брашно околу 1-2 мала лажичка и некоја капка маслиново масло. Мешам и со лажица формирам на хартија за печење. Печам на 180° од двете страни по 10 минути. Истото можи и со продукти шо не се термички обработени претходно, само ќе треба да се печат повеќе. Плескавици од цвекло Пола мало печено цвекло 2 лажици црвена леќа, 1 лажица киноа и чешне лук сварив заедно Четврт печено јаболко 2 лажици брашно Маслиново масло Сето заедно измешано во блендер, печено на 180°, 15тина минути. Батката јади кога му е мерак, кога не му е ништо не го седнува в хранилка. Ама мајка му си јади убаво.
Знам дека е по одамна ама денес немам идеа што да направам а ова баш ми фати око Ако не ти е проблем сподели рецептче
https://www.instagram.com/p/CW2XPFaML0N/?utm_medium=copy_link Повели, се надевам не каснам. Само палентата свари ја по упатство, по рецептов ми дојде многу течна.
https://www.instagram.com/p/CW2XPFaML0N/?utm_medium=copy_link Само палентата свари ја по упатство, по рецептот ми испадна ептен течна. Со просо не знам. Да го ставиш во манџичка наместо ориз?
Ела дефинирај ги. Син ми банана пасирана во каша, палачинки, мафини ја обожава, парче не сака ни да помириса.
Ист и мојов беше до пред годинка , абе таква аверзија , такво гадење на банана и авокадо не сум видела , неќеше ни да ги допре со рака , не па во уста чисти посебни а буквално се друго јадел и сакал да проба . Нудите упорно ќе а засакаат
Клот брокула му беше фејв ко почна со дохрана. Сега не ја ни допира, дури не ја ни фрла на земја од шо не ја сака. Упорна сум, си велам еден ден ќе пројади од шо му сум досадна ако не од друго. Сите различни. Ела најди им нзс.
И ние јадеме. Спанаќ ставам од око да се обари 2,3 мин. колку да омекне. Кога ќе се олади му додавам 250гр. урда, малку рендан пармезан за да не ставам многу сол, црн бибер, лебни трошки за да се формираат ќофтенца. (може и јајце да ставиш ако сакаш) Ги печев на 200° околу 12-13мин.
Овие ги имам зачувано, може ќе ти се допадне некое. https://www.instagram.com/p/CaY_S3mMvJ0/ https://www.instagram.com/p/CXxgUllqY2D/ https://www.instagram.com/p/CSgJfswq5oD/
Палачинките се превкусни и меки. Малата ги јадеше со павлака, а дада полнети со павлака, кашкавал, краставица и сланина