Можеш и така и така. Како ти одговара. Мене полесно ми е со телешкото да го сварам прво па да го замрзнам. Мисиркино, пилешко и риба свежи ги правам оти брзо се готват.
Blagodaram majka, sepak mora da zamrznam mali parcinja nemozam da gi gotvam svezi bidejki taka malo parce zimam ama sepak ne stoi vo frizider svezo nekolku denovi se zamirisuva i pocnuva da lepi a i daleku mi e bio prodavnicata pa maz mi so kola odi zatoa pogolemko parcence zema a ne samo po 50gr kolku za ednas.
Најчесто давам лосос бидејќи нема коски или има многу малку. Исто така давам и ципура и пастрмка, но потешки ми се за чистење. Земам свежи од Тинекс или Веро. Пилешко до година давав домашно или од каша, после година Perutnina natur premium.
Полпети од: Тиквичка Брокула Кромид Лук Урда Овесно брашно(мелени овесни снегулки) Јајце Маслиново масло Печени на хартија,бебичка ѓи јадеше со кисело млеко
Го најдов ова од пред месеци, ми излезе на пребарување. Каков е бејби џемов од што и како го спремаш?
Џемчево ми е по рецепт од Мајката Ката и стварно е топ https://www.instagram.com/p/BvLl-TVHULF/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Мојата од смаш кејк само си играше со неа, се изнашлака целата, само шлагот го лижеше. Мислам дека нема да ти стигне да ја јаде освен ако не сакаш да му дадеш парче после Инаку еве: 4 банани ептен зрели 1/2 cup Applesauce 2 tbsp кокосово масло 3 tsp Екстракт од ванила 1.5 cups Брашно од овес 1 tsp Сода бикарбона 1 tsp Цимет 1 конзерва кокос cream Смачкај ги бананите и додај го сосот од јаболка. Стопи го кокосовото масло, па додај ја ванилата во бананите. Во голем сад измешај ги сувите состојки (брашно од овес, сода бикарбона, цимет) Додај го банана миксот во сувите состојки и измешај добро садот за торта (округол имам користено јас) намачкај го со кокосово масло и стави ја внатре мешавината Печи на 180ст( зависи од рерна секако) 15-20мин или додека чачкалица не излезе чиста од тортата Остај да се излади и намачкај со кокосов крем глазура. За кокосов крем глазура: Стави празен сад да се излади во фрижидер Кокосовиот крем треба да е ладен од претходната вечер чуван во фрижидер. Извади го од фрижидерот, отвори го и кремот ќе биде горе во конзервата. Извади го со лажица (долу во конзервата кремот ќе е ептен воден, тоа одтави го) истави го густиот крем во ладниот празен сад што ти се ладеше во фрижидерот Со миксер измиксај го кокосовиот крем (не дозволувај кремот да се затопли од миксерот) и намачкај ја тортата Ако сакаш малку поблаго додај малку јаворов сируп во кокосовиот крем Ако сакаш да има боја тортата, ако има во Мк freeze dried fruit можеш да користиш во кокосовиот крем. Ако ја мачкаш тортата пред самиот чин, кокосовиот крем треба да е ладен кога ќе ја мачкаш
Дај кажете рецепт за палачинки за бебе, два дена правам и ми лепат на тава и загоруват, Бебе ми е 10 месеци и од јајце само жолчка има пробано и му ставам банана , жолчка , овес, цимет и млеко од кокос и истите палачинки и за мене си ги правев порано ми излегувале супер , а сега ми се лепат за тава , ми загоруват, а имам нова тава што не лепи. Не знам каде грешам, ве молам споделете рецепт за палачинки за бебе да му направам.
Намачкај ја тавата со масло од кокос или маслиново малку и печи ги на загреана тава на ниска температура. Од 6 јас на 4 ги печам и ок излегуваат. Ама не по истиов рецепт, јас цело јајце користев.
Истото го правам што ми напиша ти сега , ама пак не бива , изгледа проблемот е што ставам само жолчка , а не цело јајце.