Мислам не е проблем јајцето. Јас на мојата и правев уште на 7 месеци палачинки без јајце во рецептот и тие излеваа супер, сега на истиот рецепт ставам едно јајце и уште поубави се Без јајце: 1 филџан поголем овес блендам со 1 лажичка прашок за пециво и 1 зрела банана и додавам грчки или обичен јогурт додека не се згусне смесата, да е погуста од обична смеса за палачинки. Ринглата на средно јако. Во рецептот пишуваше на нелепчива тава без ништо да се печат. Јас користам tefal non stick со малку несолен путер и супер ми се печат
Bas ti fala za receptot, bas denes pak ke i napravam ke probam vaka po ovoj recept, ke stavam i jas grcki jogurt da vidam so nego kako ke bidat.
1. https://www.instagram.com/reel/CedNyENKBNe/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Само во модли за мафини го печев. Чоколадото можеш да го изоставиш. 2. https://www.instagram.com/p/CRk8e53ptdJ/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Наместо мед можеш сируп од урма или блендирани урми (3 се замена за 1л сируп), наместо млеко може вода/јогурт, наместо кокосово брашно може и пченкарно. На крај друг рецепт испадна. И, правени се во тостер, бидејќи немам апарат за вафли. На претпоследната слика е банана лепче намачкано со путер од лешник, на последната тостирано лепче со путер од кикирики. На непрашано, ама кога веќе се запишав да си кажам На третата слика тие полжавчињата се тост леб без кора прво сукан со оклагија, намачкан со путер од јатки, па блендирани модри сливи. Ги сролав, ги потопив во матено јајце и ги испржив, па после ги исеков на мали кругчиња. Ако реши некој да ги прави, нека направи во поголема количина, оти јас барем не можев да се запрам да ги јадам.
Ќебапчиња, пире од карфиол и таан и компири Пржено јајце со урда, рендана пиперка и доматно пире, круша и малини Тостирано лепче со путер од кикирики и џем од црвено овошје, грозје и банана Гибаница мафини Проја мафини Мафин вреќички од лиснато тесто, полнети со спанаќ и крем сирење Јајце на око, кајсија и младо сирење Копанче и ориз со морков, компир, грашок и ситнето мевце од друго копанче Тостирано лепче со домашен хумус, авокадо со кокос и чоко чиа пудинг
Кајгана, пола чоко мафин, чист грчки јогурт и грчки јогурт мешан со џем од црвено овошје Неговото височество, чоколаден сладолед
Повели мама https://www.instagram.com/reel/CZYygTXIQy1/?igshid=YmMyMTA2M2Y= За време, нема посебно време, му давам тоа што јадеме и ние. Мафините воглавно се прават за 10 минути, ставам да се печат и толку. Не знам, мислам дека исто време ми одзема на пр додека лепчето е в тостер јас да исецкам овошје и јогурт, колку што троши некоја мајка време за да пасира/блендира.