Breakfast wrap ( тортиља лепче со намаз од маслинки, полнето со омлет со сланина и кашкавал ), јагоди, краставица, бадеми, мини палачинки со јаворов сируп, гранола бар.
Bagel ( ѓеврек ) со крем сирење и пилешка салама, кајгана, краставица, јагоди, малини, грозје, јогурт.
Кајгана со спанаќ, кашкавал, пршута. Ориз, зеленчук и пилешко. Компир манџа со телешко, зелка салата.
12+ Домашни јуфки со болоњезе (мелено телешко, кромид, лук, домати и доматен сос, тиквица, оригано и босилек) и рендан кашкавал
Јуфките ги прави свекрва ми, не јас. Сосот: на малку вода динстам ситно сецкан кромид, па лук, па тиквица, па месо, па домат (една по една намирница додавам), ставам доматно пире една лажица и зачините и на крај додавам врела вода. Кога ќе испари водата, тргам тенџерето и додавам сосот на претходно сварените јуфки (ги кршам на ситно пред варење), мешам, ставам во тањир и рендам малце кашкавал. Толку.
Паста со брокула и урда. Леќа манџа со зеленчук. Крем супа од тиквици, зелка, пиперка и компир + месо
Еве и една наша каша (дури и рима има) Ручек: мисиркино, кус кус, тиквица, брокула, црвена пиперка, морков, лук, кромид, сос од домати и маслиново.
Немам точна мерка, ставам од око. Правам поголема количина, децата многу ги бендисуваат, ги јадат и ладни. Варам компир, го правам пире и го оставам да се излади околу еден саат, додавам јајце, рендан пармезан, зачини и ги правам крокети, за поинтересна форма одозгора ги поминувам со виљушката, може формата по твој избор, може и како бомбички. Ги печам на хартија колку да фатат боја на 180°