Малку да и дадеме динамика на темава, гледам само @SofiMar_ постира. Не сум профи како неа, ама се трудам. Уште во Мк не сум нашла убава кутија со прегради, ама импровизираме. Со бебе во рака, со другата спремам, се осеќам како куварот што полнеше пиперки со една рака од вицот.
Хахахаха порано ко деца го раскажувааа многу, мислев сите го знаат, општо познат е. Епа вака, оди едно семејство на ручек во кебапчилница, јаде плескавица и многу вкусно. Да го видиме келнерот као да го пофалиме. Доаѓа келнерот, со една рака сиротиот, ама со љубовен тепих. Го прашуваат како успеваш со една рака...тој демострира ги тапкал плескавиците на гради. Келнерот се убацува во муабет и вика а тек полнетите пиперки да ги пробате. Не ме бива за вицеви, ама така беше суштината. П.С. и ако сте виделе убави пластични и прегради, со вакум, кажете. Оти обично истекува овошната салата во ранче.
Фала, сеа ќе изгуглам. Имам купено многу, од Рамстор, од Џамбо, од пазар....ама не вакумира меѓу прегради ниедна. Во Зегин као немале, а не ми ни текна да видам во просветно. Сеа ќе изгуглам, во последно време се ми е онлаин.