Сите завршија на земја, не можам никако да му подметнам зајачко месо, нејќе и нејќе Сварени киноа зајачко месо и цвекло, блендирам со едно јајце, правам топчиња и печам на хартија 15-20 мин. Толку
100гр овесни снегулки 1 праска 150мл млеко 1 мала лажичка цимет 2 мали лажички прашок за пециво 2 мали лажички агаве/мед Се заедно во блендер, го ставаш во плехче и уште една праска сецкаш одозгора, се пече на 180° околу пола саат. Се сече изладено. Не е лошо за без ич работа и мастраф
Прв оброк од овој тип. Не сум сигурна како проаѓа, прави фаци, ама јаде. Ќе биде добро пола да изеде. 8 месеци денес полниме.
Ден втор. Хељда со кромидче, лукче и малку путер, во дел измешав и 8минка жолчка. Пола мала тиквичка, 1 морковче, малку пченка. Изеде 60% од оброкот.
Мама добронамерна забелешка. Не го гледам морковот, ама крставицата и пченката не ти се соодветно сервирани. Од крставицата давај го само делот внатре кај семките, а пченката не ја двои од оној тврдиот дел, не знам како се вика, туку дај го цело со соодветна големина, само со нож засечи ги в долж сите зрнца. Не знам дали ме разбра. Вака ем не може да јаде, ем е ризик за давење. Користи ја Солид стратс, мене многу ми беше од помош.
Не е краставица, варена тиквичка е, мека е. Пченката така ја исечкав, долж ама изгледа треба да го дадам другиот дел, не овој што сум го дала. А пченка кога ние јадеме и оно од нас така како што кажуваш ја јаде, цела, гризе од кочанчето фактички. Слободно корегирајте ме.
Сега почнувам да читам за оваа метода на исхрана и мислам дека храната не е соодветно сервирана. По тоа што разбрав, треба да е раздвоена, како во првото чинивче што ти е. Ако грешам поправете ме
Нема потреба да биде раздвоена, баш напротив се препорачува храната да се сервира во чинија без прегради за да не створи детето сензација дека храната треба да биде одвоена, односно еден тип на храна не треба да се допира со друг тип на храна, па да се развие одбивност ако тоа се случи и да не сака да јаде. Од друга страна пак, чинијата со прегради обично се користи затоа што им е полесно да маневрираат со храната поготово со лажица кога јадат. Најбитното е храната да е соодветно подготвена и исечена пред да биде послужена, најпрво за да се избегне ризикот од давење и потоа за да може бебето само да се храни. Чинијата е небитна тука. Јас на пример најголемиот дел од храната го служам директно на хранилка, без чинија, затоа што си игра со неа, пробува да ја преврти, ја става на глава итн.