1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инстаграм за бебешка/детска храна

Дискусија во 'Бебе' започната од simonka93, 13 мај 2017.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    4.121
    Јас можам слики само од хаосот низ дома да постирам, за тоа ако има тема само за таму сум.:D
     
    На 1209, Doktor F, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    *Палачинки со благ компир, кашкавал, јајце и зачини
    *крушка
    *јогурт со капини и цимет
    8DC6313F-7D95-4FD9-9E02-26A9782F72CF.jpeg

    *Проја со тиквичка по рецептот на @0ли :inlove:
    *грчки јогурт
    *јаболче со цимет
    24231290-34A5-4EA2-8050-0A5706A645AE.jpeg
     
    На kozuf, IRBBB, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Какви зачини користиш? И од кога почна да му даваш парчиња,што прво му даде?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    695
    Каков кашкавал користиш?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.217
    Допаѓања:
    11.220
    Пол:
    Женски
    Браво бе Бела!
    Со љубов праено, преубаво изгледа.
     
    На IRBBB и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Лукче во прав и црвен пипер има во овие. Парчиња официјално јаде месец дена, сега има 10 ипол месеци. Претходно знаев да му дадам брокулче, компирче, смока, бисквит.
    Чедар, swiss cheese, моцарела. Тие се некои од дозволените пред 12м. Гауда, едамер, пармезан и сите останати од непастеризирано млеко не се.
    Фала Дејзи, се трудам колку се има време.
     
    На 1209, Sofi.ja, CareTee и 2 други им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Нека лапка баткото, на здравје нека му е :inlove:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Здравје да си имате. :hug:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , те молам рецепт за палачинките и пројата, да не барам уназад.

    Дали сте мрзнеле или чувале во фрижидер вака палачинки, проја, вафли и слично? Во кутија убаво затворени. Не ми е опција секогаш наутро да спремам свежи.
     
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    Како и со што да почнам да давам парчиња?
    Смоки давам понекогаш, сака, си јаде.
    Дадов банана пред некој ден, не беше заинтересирана.
    Со што друго можам да пробам, а да не е опасно за давење за почеток?
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Палачинки:
    1 рендан благ компир
    малку рендан кашкавал
    1 јајце
    лукче во прав
    црвен пипер
    *Мешам се и пржам на путер

    Проја:
    1 рендана тиквичка
    2 јајца
    3 лажици проја
    2 лажици гриз
    1 мала шоља за кафе јогурт
    малку маслиново или друго масло
    малку пециво
    *Печам на хартија на 180степени околу 30мин

    Повеќето вакви работи се freezer friendly и можат да се замрзнат до три месеци. Дуплирај си доза на намирници и слободно замрзнувај си.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Можеш да понудиш буквално се што јаде блендано/пасирано, со тоа што ќе внимаваш на начинот на послужување. Симни си ја Solid Starts, таму за секој продукт е убаво објаснето од кога смее да се дава, нутритивност и начин на сервирање. Банана моето бебе обожава, ама на парчиња само банана не сака да јаде. Ја ставам во палачинки, мафини, вафли.
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Само мала корекција, треба да стои палента наместо проја :)
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Хахах фала ти. Така е кога сакам во исто време да работам, да чувам бебе, да правам ручек и да изигравам Џејми Оливер на Фемина. :D
     
    На 1209, LiquidLuna и 0ли им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Уште компирот предходно обарен или не? За во палачинките. Може глупаво прашање ама со овесни снегулки само правам јас.
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Не, само изрендан жив. Дур ги пржам покривам со капак за да се зготви од пареата.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    4.121
    Скроз не инстаграмџиски ама позади мене имав многу гладно и нервозно човече. Вечера од денес.

    IMG_1347.jpeg

    Тестенини од леќа со домашен сос од домати, и динстован зеленчук.
    Успех на тестенините - 100%.
    Зеленчукот - 0%.
    Моментално е во некоја визуелна фаза, одбива се што е зелено, дури и босилекот од тестенините го фрлаше.
     
    На kozuf, IRBBB, hermosa и 14 други им се допаѓа ова.
  18. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.851
    Пол:
    Женски
    Денес за прв пат ептеен малку месо од домашен петел со водичката во која се варел.
    Батат, пашканат и морков.
    7+
     

    Прикачени фајлови:

    На kozuf, Carolin., lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    4.121
    Тестенини со пилешко, брокула и хопла
    IMG_1375.jpeg

    Телешко со морков и зачини, батат и брокула

    IMG_1364.jpeg

    Палачинки со бадемово брашно, банана и грчки јогурт со малина

    IMG_1369.jpeg

    Телешко со ориз, цазики, морков и брокула

    IMG_1351.jpeg

    Кускус со зеленчук

    IMG_1354.jpeg
     
    На Marsi*, kozuf, IRBBB и 20 други им се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Машала за синко. Од кога почна парчиња?
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.