Со парчиња започнавме уште од сам старт. Ама не е конзистентен, има периоди кога јаде без проблем, има периоди кога сака само пасирано. Не форсирам, ама нудам парчиња на секој оброк.
Не сум ставала досега, па да прашам- некои посебни зачини користите или може од тие за нас што ги користиме? Имам лук во прав од Кам, може таков? Дека пример цимет и какао зедов од ДМ.
Јас ставам од нашите зачини. Знам и оригано, мерудии и нане да ставам во готвењето, лаворов лист исто, зрнце црн пипер и кари.
Цимет и јас користам цејлонски, обичен не смее, не знам зошто искрено. Лукче, црвен пипер и слично користам од тие што ги користам и за нас.
Мусака од компир и мелено мешано месо, со кромид, морков, магдонос, лук и прелив од грчки јогурт и селски јајца.
Па не. Јас дадов тогаш зошто претходно немаше ручек и не ми требаше. Воведов на 7+ зошто од 8 почнавме со ручек.
Киноа, цела жолчка, маслиново морков, тиквица варени во вода со сув лук за миризба 8++ многу му се допадна