Користев од конзерва од ДМ, тоа имав дома. Секако може и домашно сварено гравче. Варам морков и компир, пасирам сѐ заедно со гравот, додавам лукче во прав и малку сол и 1 јајце. Правев поголема количина и за мене и татко му па не смета што има и јајце и месо во ист ден. Оформив ќофтенца и пржев на малце путер. Може и да се печат на хартија. Ептен се вкусни, а и нутритивни.
Како да ги искористам тегличките со месо? Месо пире значи,Блендирано, му правев каши, сакам блв да ги искористам, јаде парчиња веќе
Извини, може глупо прашање. Како се прави киноа? Колку се вари? Се покиснува од вечер? Никогаш не сум правела ни за мене, ни за децава
Добро е да кисне за да омекне макс 2часа. Потоа ја вариш кратко 10 15мин. Во ДМ се продаваат и киноа снегулки што треба само 3мин да вријат без киснење. Јас имам давано и така и така.
Јас ја варам исто како просо ама ни првото дете ни ова ми ја сакаат. Можи комбинацијата не му ја погодив. Дајте идеи за оброк со киноа.
*Палачинки, грчки јогурт, цитрон *Путер колачиња од сладок компир, манго, грчки јогурт *Ќофтенца од тиквичка, моцарела, домат *Палачинки со банана, грчки јогурт со путер од бадеми, боровинки *Пржено лепче, крем сир, пропржени шери доматчиња * “поховани” јаболки, грчки јогурт со путер од лешник, портокал *Мисиркини ќофтенца со кашкавал, компир, морков
Преубави идеи! Само најдобронамерно за моцарелата, сечи потенки ленти па од нив после квадратчиња. Или кини ја со раце, ко на конци. Од ваква коцка ко твоиве поголемиот мој се задави на година и пол, а веќе вешт џвакач беше дотогаш.
Фала ти за советот, не помислив на тоа. Кога беше помал ги сечев на ленти, ама во последно време почна да ја полни цела рака со неколку парчиња и сите ги става во уста. Многу стрвно јаде општо, мислиш некој ќе му го земе.
Обична смеса за палачинки, јајце, јогурт, вода и брашно, малце пециво и цимет. Јас правам од око, гледам да е погуста смесата како за американски палачинки. Ги сечам на тенки тркалца јаболките и со капаче им го вадам средишниот дел. Потопувам во смесата и пржам на тивко на суво нелепливо тавче. Ептен се вкусни.
По толку правење почнав од око да ги правам, ама основен рецепт ми е Две јајца, Тиквичка изрендана и исцедена околу 1 шоља, Рендан кашкавал околу 100 гр, 2 лажици брашно, И 1 лажица масло во смесата. Понекогаш додавам брокула, спанаќ или што и да имам дома.
Супер, фала ти. Ќофтиња и проја од тиквички му се редовно на мени, ги обожава. Сигурно и ова ќе му се допадне, баш ќе пробам.