Се пропржува кромид (јас ставив и праз), се додава тиквата сечена на коцки и еден компир исто така на коцки, се посолува, се додава вода колку да се покријат и се крчкаат додека омекнат. Потоа се блендира, се додава зовриена вода да се постигне саканата густина, зачини по желба (јас ставив мешан сув зачин, куркума и црн бибер) и се вари уште 10 минути.
Ручек дома после градинка. Инаку форсира чинијата да и е полна ама пола од ова во чинијата го изеде и секако доволно и е. Вечера - зелена салата со туна кромид и пченка Ужинка грозје
Беби омлет од една жолчка динстана на вода, ад, маслиново масло и лажица инстант палента на нестле, колку да згусни. Очекував да го фрлам, кога тоа изедено во еден здив без ниту една плачка
Се извинувам за квалитетот, ама долгоочекувани беа. Печени лепчиња со павлака, јајце, кашкавал и зачини.
Ручек: кромид, компир, пашканат, морков, целер, праз, карфиол, брокула и маслиново масло. Вечера не изедена, ориз, просо, хељда и пола банана. Одбива да јаде вечерва изгледа забите ептен го мачат... И сликата вика преголема била
Урмите ги ставам во зовриена вода неколку минути да провријат и да отстојат уште 5-10 минути, па им ја отстранувам лушпата. Бисквитите и лешниците ги мелам во сецко, па ги додавам и урмите во сецкото. Се добива влажна смеса, додавам неколку коцки стопено црно чоколадо, ако има потреба и од водата што се вареле урмите. Јас оформувам бомбици, ќерка ми ги валка во кокос. Може да стојат во фрижидер неколку дена.
Кај ме потсети, цела бременост ги јадев, додавав и брусница, суви смокви, кајсии, лешници мх мх мх не ми е отиден апетитот уште