ручек - пилешко со габи и зелена салата со пченка + лебче вечера - супа со просо, морков и пченка и уште еднаш вечера (ептен е денес со апетитче) солена пита
1,5 чаша брашно 1,5 чаша јогурт пола чаша масло пола пециво 3 јајца Се ова заедно го мешаш со жица за матење и додаваш сецкани краставички, кашкавал и шунка ( уствари што сакаш тоа ставаш во неа , јас и со спанаќ ја имам правено или маслинки или сирење) Одозгора сусам и печеш на 220 степени.
Ужинка. Да видиме дали со Дедо Мраз ќе се прелаже да касне гриз...аронија,суво грозје,јаболче,ореви и слатко од малини се дел од декорацијата П.С.Претпоставувам ќе рече "бљак,сакам стар ворс"
Конкретно овој е од шипка тој со додадени витамини и калциум. Не е баш беби, како грчкиот, ама не сум била до грција скоро, за сабота ми е ветено. Инаку, беба овој го обожава.
@Rabbit Исти сме, мора мноогу полна чинија, упорно вика - стави ми уште, сакам полно како во вашите чинии, а не изедува се! Сепак јаде солидна количина па другото кое останува тато или мама го преземаат! Важно нека јадат, другото е помалку битно! И ептен вкусни изгледаат твоите сарми, нјам нјам!
Еве ние денес што јадевме - домашно јајце со чајна и младо кромитче - ужинка - ручек (баницата не ја ни душна, останува за вечера)